Проф. Мојсовска: Бугарското вето не смее да ја закопа европската агенда во земјава

You must need to login..!

Опис

Сигналите од Софија не се добри затоа што значат застој на процесот нба ЕУ интеграциите, но тоа не значи дека треба да се се запре со реформите внатре. Потегот на Бугарија е нешто што не е соодветно на европските вредности.

На страницата на европскиот парламент стои дека основните вредности на ЕУ се почитување на човековите вредности, достоинство, права, слобода, демократија, еднаквост и владеење на правото. Сите земји членки на ЕУ се обединуваат врз основа на овие вредности. Таму има уште една реченица која вели дека земја која не ги признава овие вредности не може да припаѓа во Унијата.

Ова покажува дека ЕУ има проблем, веројатно поголем одколку што имаме ние во однос на апсурдот на овој потег.

Но нашиот проблем е во тоа што ЕУ нема механизам да постапи по однос на вакви барања на државите членки, бидејќи има право секоја држава во однос на прашањата кои се носат со консензус да постави вето, изјави во Утрински брифинг проф. Силвана Мојсовска од Економскиот институт при УКИМ, која додаде дека конечно треба да научиме дека ние треба да ги диктираме работите.

-Реформите внатре треба да почнат. Процесот на пристапување кон ЕУ нема да застане. И претходно имаше определени прекини, но ние имаме спогодба за стабилизација и асоцијација со ЕУ, која всушност нам ни дава многу права на кои државите членки се обврзани да ни ги дадат. Права во однос на протокот на капитал, луѓе, трговијата е ослободена. Многу повеќе треба да се зборува за тоа што државите членки во овој момент може да ни стават на располагање, вели проф. Мојсовска.

Целиот разговор со проф. Силвана Мојсовска од Економксиот институт погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

nineteen + ten =