Николов: Расте социјалниот гнев – потребна е итна владина реакција

You must need to login..!

Опис

Рударството и рударскиот сектор за среќа првите три месеци од оваа година ги одработи успешно, затоа што овој сектор се разликува од останатите.

Ние имаме предмет на работа и на нас помош од државата во вакви ситуација би била да се овозможи навремен транспорт на суровини и репроматеријали и извоз на нашите производи, , изјави за Утрински брифинг Николајчо Николов, менаџер на рудникот за бакар – „Бучим“ и претседател на оделот за рударство во Стопанската комора на Македонија.

Тука морам да кажам дека и Царината и Владата излегоа во пресрет и ова прашање релатиовно брзо се канализира и регулира и ние во тој поглед во моментов немаме проблем.

Морам да кажам дека месец март, конкретно за рудникот „Бучим“, е еден од најуспешните во последните 5-6 месеци.

Околу постојниот интензитет на производството и дали на тоа влијае реалниот пад на нафтата и на енергенсите во импутот на цената, Николов вели дека „Бучим“ е значителен потрошувач на електрична енергија и цената на оваа енергија, како и цената на нафтата е ниска за нивна среќа е релативно ниска.

Тоа се два елементи кои значително учествуваат во трошоците за производство со кои успеавме да постигнеме резултати. Но морам да спомнам дека „Бучим“ се наоѓа пред сериозна задача. Имено, треба да биде отворен новиот површински коп – „Боров дол“, каде што се инвестираат околу 60 милиони евра и „Боров дол“ треба да претставува континуитет на работа на рудникот некаде од месец август – септември или најкасно до крајот на 2020. Тоа е зацртано и правиме напори во овие кризи да го продолжиме векот на работа на „Бучим“, додаде Николов.

Сите рудници за среќа главно добро работат. Рудниците за обоените метали во вкупното индустриско производство учествуваат со околу 9-10%. Во бруто националниот производ учествуваат со 1%. Во овој сектор (обоените метали) работат над 3.000 вработени. Ова е релативно високо платена гранка во споредба со другите. Просекот во „Бучим“ за изминатите месеци е 555 евра нето плата, што за Радовиш и Македонија во овие услови се значителни пари, вели Николов.

Репутацијата на бакарот како барометар за глобалната економија доаѓа од широкиот спектар на неговата употреба – како во градежништвото, така и кај потрошувачките производи, како што се автомобилите и уредите за широка потрошувачка“, велат аналитичарите.

Колкави ќе бидат последиците врз економиите во светот и врз македонското стопанство поради Ковид -19, никој не може да предвиди, но сигурно е дека ќе бидат големи, изјави во Утрински брифинг Николајчо Николов.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

9 + 1 =