Чаушевска Димов: Амбасадата непречено работи – Париз е застрашувачки празен и тажен град

You must need to login..!

Опис

Бројките во Франција се драматични. Над 95.000 се со потврден КОВИД-19 иако сите знаат дека бројките се поголеми. Но од вчера навму како да има некое светло во тунелот – бројот на починати опаѓа, а и бројот на новопримени лица во одделот за ранимација четврти ден се намалува, изјави за Утрински брифинг, Јадранка Чаушевска Димов, амбасадор на Република Северна Македонија во Париз, Франција.

Париз е застрашувачки празен и тажен град. Но како и сите и ние сме оптимисти дека ова конечно ќе заврши.

По она што се слуша по медиумите Макрон вечерва е извесно дека ќе најави продолжување на изолацијата минимум за уште 1 месец.
Од лични пријатели јас во мојот круг имам веќе четворица заразени.

Амбасадата непречено работи. Ја имаме среќата што во објектот на амбасадата имаме станови во кои се сместени нашите дипломати. Комуникацијата е главно преку телефон и е-маил. Во контакт сме со сите, одговарама не сите телефонски јавувања.

Дипломатите немаат привилеги во движењето. Тоа е регулирано со потврди во која што може да изберете опции во кое треба да наведете за што ќе излегувате, изјави Чаушевска Димов.

МНР како наш примарен соговорник останува отворен кон нашите примарни потреби. Врските и контактите кои ги имаме со кабинетот на Макрон се одвиваат непречено, во контакт сме со сите, додаде Чаушевска Димов.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

13 − nine =