Часот на планетата земја: Десет години по ред се надминува точката од која што можеме да се вратиме назад

You must need to login..!

Опис

Глобалната порака на кампањата „Часот на планетата Земја“ и покрај пандемијата и ограничувањата при организацијата допре до граѓаните кои како да стануваат свесни дека немаме резервна планета и мораме веднаш да почнеме со промена во навиките, рече денеска во Утрински брифинг организаторот на кампањата, Ѓорѓи Селков.

-Последните две години приморани сме акцијата да ја одржуваме виртуелно поради светската пандемија предизвикана од коронавирусот, но на наше изненадување токму последниве две години добиваме масовна поддршка од граѓаните кои  ги исклучуваат светилките во своите домови. Со тоа сме сигурни дека глобалната порака на кампањата допрела до голем број македонци. Во рамки на кампањата ја одржавме и првата дигитална климатска конференција во Македонија, рече Селков.

Тој нагласува дека постојат тесни докази кои упатуваат на поврзаност на уништување на природата и ефектите од климатските промени кои доведуваат до поголема ранливост на човечкиот род.

-Мора да се свестиме, да го намалиме ефектот од климатските промени и одрживо да живееме. Тоа се едни од предусловите за егзистенција на човештвото. Покажуваме дека како нација сме свесни, но тоа не е доволно. Бројките кои ги имаме на светско ниво ни покажуваат дека светот десет години по ред ја надминува точката од која што можеме да се вратиме назад. Тоа се некои лимити кои Светскиот фонд за природа ги поставува во однос на намалување на биодиверзитетот за уништување на природата и тоа се навистина страшни бројки. Затоа и ги правиме овие светски иницијативи кои помагаат да се допре до светските лидери и носителите на одлуки, додава Селков.

Инаку во саботата вечерта за да ја поддржат кампањата, светилките ги изгасија објектите на Владата, Претседателската вила на Водно, плоштадот Македонија, парковите, како и поголем број локации во Охрид.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

nineteen − seven =