Бирократијата во меѓуинституционалната соработка го кочи креирањето на креативни простори за младите, разговор со Димковска од „Културно ехо“

You must need to login..!

Опис

-Како млад човек можам да кажам дека незадовлството од квалитетот на животот не прави апатични. Имаме чувство дека не може ништо да се промени. На секој чекор се узурпира јавниот простор, не се дава шанса на младите да се изразат, да создадат свое катче и тоа е една од причините за иселувањето. 80% од малдие не се активни во младонско организација или здружение. „Културно еџо“ се појави со цел да ги активира младите, да отвори тема која што пред сите ни е пред очи, но ја занемаруваме, изјави во Утрински брифинг претседателката на организацијата „Културно ехо“, Симона Димковска.

-Омилен „спорт“ на Балканот е префрлање а не преземање на одговорност. Нашата иницијатива за фабриката Купром да ја пренамениме во студентски град треб да бидат и се вклучени министерствата за култура, образование, локалната самоуправа, град Скопје, министерство за финансии, за животна средина. За воопшто да се направи една визибилити студија кој што ќе покаже дали оваа идеја е соодветна за тој простор и намена е потребни сите овие институции да бидат вклучени. „Купром“ е на ниво на идеја веќе две години. Многу споро одат работите и како млад човек треба да бидеш упорен, да не се откажуваш и да бидеш свесен дека ти си во улога на катализатор кој треба да ги спои на исто место за иста работа и цел сите тие институции, да седнат на иста маса и да речат – Да, ова го правиме, ајде да провериме дали е изводливо, вели Димковска.

-Младите имаат потреба од автентичен простор каде ќе може да се фокусираат на социјален, професионален и личен развој. Ваквиот простор не може да биде насилно наметнат, не може само да се изгради однадвор, напротив потребен е инклузивен процес со вклучување на младите за посакуваните резултати да бидат достижна цел, а не само „стратешка цел“. Купром е една таква иницијатива. Впрочем, во неколку наврати го повторуваме ставот дека реупотреба на ваквите простори е воспоставена европска пракса и без исклучок, сите вакви центри фунционираат, дел од нив се делумно или самоодржливи, смета Димовска.

Целиот разговор со претседателката на организацијата „Културно ехо“, Симона Димковска погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

twelve − eleven =