Арсовски: Комисијата за заразни болести и Владата си играат пинг-понг – граѓаните се оние кои ја трпат штетата од неодговорното владеење

You must need to login..!

Опис

ИК заседаваше неколку пати. Далеку од тоа дека ВМРО-ДПМНЕ е лоша на анкетите и дека ќе изгуби во Штип. На последните избори партијата имаше минимална победа. Но ИК, граѓаните и експертите сметаат дека во моментов не е време и нема услови за одржување на предвремени избори. Овие избори само ќе чинат трошоци бидејќи за неполни 9-10 месеци ќе треба да има редовни локални избори, каде што ништо практично не би се сменило во функционирањето на Штип. Ниту една фотелја, ниту столче не е дотолку важно да ние после изборите броиме заразени, починати како резултат на целокупното функционирање на политичките партии во текот на кампањата. Сметаме дека човечкиот живот и здравјето на граѓаните се најважни. Да не ја предизвикуваме судбината да имаме поголем број на заразени и починати, изјави во Утрински брифинг портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

Долго време говориме дека беше промашена стратегијата на функционирање и делување од страна Владата во борбата со ковид-19. Од здравствен и од економски момент се што се предлагаше тогаш тргна во погрешна насока и затоа ситуацијата излезе од контрола. Уште од април, мај месец беа понудувани решпенија од нашата Комисија за здравствол. Беа понудувани мерки, алтернативни решенија, но сетоа тоа не беше прифатено. Еве сега гледаме дека откако работата излезе од контрола неможе да истата да ја вратат во колосек. Доколку спремно го дочекавме вториот бран не би било ова што е сега. Решенијата беа нудени јавно, беа нудени во Владата, но преголемата желба за истакнување преку ПР цели на министерот Филипче и останатите од Владата дека нешто работат всушност се виде дека не работеле, изјави во УБ Арсовски.

-Предлагаме формирање на Државна Комисија која ќе се бори со пандемијата, а не како оваа до сега која што не носи никаква одговорност, освен што Караџовски оди по толк шоуа на телевизија и саркастично одговара на прашања. Кога ќе има комисија каде што членовите ќе бидат бирани од страна на собранието, нема да може толку несериозно да ја сфаќаат работата, вели Арсовски.

Целиот разговор со портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски погледнете го во видеото.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

eight + 20 =