Чадиковски: Нов колорит на македонската политичка сцена-свилиото е минато

You must need to login..!

Опис

Зибери рече дека кампањата поминала во фер атмосфера, Спасовски рече дека била и мирна, немало инциденти. Како според ЗНМ поминаа овие избори во однос на тоа како медиумите ги претставија кандидатите.

– Ова се едни од поинтересните настапи што сме ги имале досега, а за тоа мислам дека придонесе овој корпус на помали и независни кандидати кои дадоа зачин на овие избори. Можеме да ги сфаќаме изборите сериозно но и не толку сериозно кога станува збор за некои кандидати што внесува боја во сивилото. Од тој аспект имаме поинаква слика и е добро за целиот демократски амбиент и веројатно тоа ќе се рефлектира и на резултатите од изборите.

Како медиумите ги покрија медиумите?

Немаше поголеми медиумски инциденти. Имаше напуштање на студиото, што може и да се смета за дел од кампањата. Од медиумски аспект кампањата помина коректно. Според она досега, во делот на традиционалните медиуми имаме посериозна поставеност на медиумите кон тоа како да се претстават кандидатите. Телевизиите се трудеа да дадат еднаков простор. Имаше инцидентни ситуации кога во услови кога има повеќе кандидати се канат само двајца. Оти кој е реперот да се одлучи кој треба да се појави на телевизија?

– Доминираше стерилниот елемент во кампањата, истите плакати, истите ветувања… Граѓаните чекаат нешто друго, нешто ново. Ние знаеме дека од редот на некогашни градоначалници се бираат идни премиери. Ако некој бил добар татко на градот може да биде добар татко на нацијата, но треба некој да пружи некоја поинаква филозофија.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

13 − 6 =