Чадиковски за УБ: Без силен МРТВ ќе нема медиумски реформи

You must need to login..!

Опис

Го спориме конкурсот за избор на нови члеови на надзорниот одбор, бидејќи се доносува во некои услови кои се најблагоречено нелегитимни, поради тоа што е истечен мандатот и на членовите на програмскиот Совет на МРТВ.

Тие имаат свое различно толкување, но ние мора да кажеме дека мандатот на овие луѓе траеше и трае пет години и беше истечен се до моментот кога Собранието донесе една „сомнителна“ одлука за продолжување на мандатот, но без нов избор. Тоа во вакви услови е на граница на легитимност. Проблематично е и тоа што надзорниот одбор што они сега го избраа ќе треба да се грижи и да го ревидира комплетното и финансикото и материјално работење токму на овој Совет за кој што велиме дека сега работи на граница на легитимност, изјави претседателот на ЗНМ, Младен Чадиковски во врска со состојбите во МРТВ и минатонеделното соопштение каде што се спори огласот за избор на надзорен одбор на Македонската радио-телевизија од страна на програмскиот Совет.

Да се донесе одредба со која што мандатот на раководно тело ќе трае до изборот на ново раководно тело е проблематичен од аспект на тоа што ова може да трае и доживотно, доколку партиите или идните носители на власта и опозицијата во земјата одлучат дека им одговоара да работи постојното тело. Јас не знам кому му треба ваква нереформирана МРТВ и дали на овој начин се прави еден преседан. Создаваме клима на недоверба во целиот медиумски сектор, бидејќи МРТВ мораше да биде оној круцијален лидер на промените во медиумската сцена. Наспроти тоа, ние имаме една МРТВ која никако не може да се нарече предводник на стандардите во телевизиското новинарство.

Ако го видиме примерот во некои соседни земји, каде нема некои „сјасјни“ сервиси, имаме многу подобро ниво од нашето. Ќе забележиме дека медиумскта слика е сосема поинаква и во однос на приватните медиуми, бидејќи ако имате еден лидер на пазарот тогаш нема друг избор и за приватните медиуми освен да го следат – и во новинарска, професионална и во етичка смисла на работењето. Сега имаме еден пазар кај што приватните медиуми се оставени сами на себе и тие се договараат дека нема потреба да се крева квалитетот на програмата. Затоа доминираат турски серии, шоу програми од шунд карактер, кои да, носат публика, но каде е едукативниот карактер, образовниот елемент и јавниот интерес на тоа, рече Чадиковски.

Смилка Јанеска -Саркањац, претседателка на програмскиот Совет на МРТВ, во Утрински брифинг изјави дека и они ги имале истите дилеми и побаралее совети од правници.

Побаравме мислење и од ДКСК и заклучивме дека единствен чекор што мора да го преземеме е да распишеме оглас за избор на Надзорен одбор. Во членот 43 од измените на законот од 2018 наведено е дека членовите на програмскиот Совет, диреткоторот и заменикот директор на МРТВ имаат мандат се до изборот на нови претставници, но не е опфатен и надзорниот одбор, така што мандатот на надзорниот одбор завршува на почетокот на март и затоа распишавме конкурс. Доколку не распишевме ќе се блокираше работата на МРТВ, изјави Саркањац.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

18 + 20 =