Црвен крст на Македонија го одбележува денот на осамостојувањето

You must need to login..!

Опис

Денесска Црвениот Крст на Македонија одбележува 29 години од осамостојувањето во на 21 мај во 1992 година. Осамостојувањето следеле една година по осамостојувањето на Македонија од поранешната држава СФР Југославија.

-На 21 мај 1992 Црвениот крст на Македонија беше препознаен како засебно национално друштво коешто мораше да има свој мандат и своја мисија, преку Парламентот се донесе Закон за Црвениот крст, и тоа е правило за сите држави. Ние бевме примени како 189 членка на движењето на Црвениот крст на генералното собрание во Женева со претставници на тогашната влада во Македонија, кои ги ратификуваа и потпишаа женевските конвенции. Ние на некој начин станавме советодавно тело на Владата во случај на катастрофи и природни непогоди, но истовремено сме и први партнери на терен бидејќи сме најголемата хуманитарна организација во државата. Имаме мрежа од 34 канцеларии, 7.000 активни волонтери  и 11. 0000 членови, објаснува секретарот на Црвениот крст на Град Скопје, Сузана Тунева Пауновска.

На денот на осамостојувањето на Црвениот крст денеска акцент се стави на новиот центар за обука за прва помош, кој е оформен и опремен изминатата година, во посебни услови поради ковид пандемијата и според посебни протоколи.  -Во овој центар за обука најважна е обуката за идните возачи на моторни возила, меѓутоа се овозможув а обука и на бебиситерки, негователи на стари лица како и на возачи на пловни објекти. Кандидатите кои тука полагаат прва помош најнапред добиваат обука, а потоа се проверува нивното знаење. Повеќе нема можност за манипулација каква што имаше до неодамна, да се добие сертификат без потребното знаење на вештините за прва помош. Парчето хартија е најмалку важно, важно е откако ќе се добие возачка дозвола да се добие чувство за одговорност, потсетува Тунева- Пауновска.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

2 × two =