Циговски: На повидок е најуспешната сезона во последниве 10-15 години во ски центарот Маврово

You must need to login..!

Опис

За оние кои што ги сакаат зимските спортови и снегот ова е најубавиот дел од годината особено оваа, бидејќи снегот барем што се однесува на врнежите на повисоките места и во скијачките центри во земјава го добивме во доволни количини за да може да се ужива во него.

Секако тој е добредојден и за успешна туристичка сезона, а годинава може да се каже дека барем за сега интересот е голем, особено за време на викендите кога и најголем дел од граѓаните на Скопје во обид накратко да избегаат од градот на чист планински воздух се упатуваат токму кон овие центри.

Секако не изостануваат и странските туристи кои доаѓаат да се насладат на убавините со кои располага нашата земја.

За тоа каква е туристичката сезона, која е туристичката понуда во моментов, има ли слободни места во капацитетите за сместување, во Утрински брифинг разговаравме со директорот на ски центарот „Маврово“, Огњан Циговски.

-Може да кажеме дека на повидок е најуспешната сезона последниве 10-15 години, од причина што снегот дојде порано, со скијање се започна во средината на декември и ладното време овозможи Ресорт „Маврово“ да направи вештачки снег кој заедно со природниот снег ги прави стазите да бидат навистина идеални за скијачите, вели Циговски.

-Маврово предничи пред другите скијачки центри – од самата организација, од самиот систем на правење на вештачки снег, од инфраструктурата – трите жичари, 11 ски лифтови.

-Оваа година може да се пофалиме и со новиот реторан кој се наоѓа на врвот на скијалиштето со капацитет од 300 места за седење и околу 1000 за седење надвор. Се направи убав, грандиозен објект потпомогнат од ЕУ и самата посетеност укажува дека тоа навистина бил правиот потег на ресорт „Маврово“, како инвестиција за оваа скијачка сезона.

-Може да забележиме дека оваа година навистина сместувачките капацитети се исполнети, како хотелските така и приватните.

За викендите имаме 2500 до 3500 посетители, така што освен незначителна гужва на паркингот на другите места немаме гужва.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

9 + five =