Целите и дострелите на „марихуана“ политиката, бенефитот, јавното здравје, редот и поредокот – разговор со проф. Ило Трајковски

You must need to login..!

Опис

Во светот во рамките на социолошките истражувања на општествените појави има дисциплина која се нарекува „Социологија на марихуана – производството и уживањето“. Во психологијата и во другите човечки размислувања ги рангираме потребите. Прашање е колку во овој даден момент оваа потреба е приоритетна и важна за да се реализира. Јас самиот не сум уживател на марихуана. Во мојот круг имам луѓе кои тоа го практикуваат. Во аргументите дали во Македонија во моментов има потреба – има луѓе кои таа потреба им е и од медицински и од рекреативни потреби станата навика. Ова прашање е врзано со многу прашања – со јавното здравје, на редот и поредокот.

Да точно е тоа дека во последниве дваесетина дена оваа супстанца е декласифицирана од категоријата на високо-наркотични средства, но и понатаму останува под контрола. Значи не станува збор за нешто што е наивно и без последици како во однесувањето на единките, а со тоа и последиците во општеството. Од една позиција на некој кој што ја цени индивидуалната слобода, би поздравил такво нешто, но на регулиран начин, затоа што праксата покажува дека таму каде што има законски простор и е дозволено производство за лична употреба најчесто тоа се прави со медицинска согласност. Значи не е хаотично пуштено кому како сака да го прави тоа, бидејќи се работи за супстанци кои имаат последици врз јавното однесување, изјави во Утрински брифинг, уневерзитетскиот професор, социологот Ило Трајковски.

Јас сомничав кон многу работи што доаѓаат од ВЛАДА. Особено работи кои задираат во личниоте слободи и права. Иамвме слични обиди со претходната влада да воведат слободни финасиски зони. Се обидуваат во вакви ситуации Македонија некако да доскокне во светските токови. Во тој дел работите треба да ги водат подобро и по соодветно би било тоа да го праат три странки во општествениот живот. Не премиерот да биде главниот мотор во таквите политики, смета Трајковски.

Целиот разговор со универзитетскиот професор Ило Трајковски погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

10 − eight =