Цветковска: Македонските студенти се приклучуваат кон хуманитарна помош за украинските колеги

You must need to login..!

Опис

Македонските студенти се приклучуваат кон Европската Студентска Унија, во хуманитарна помош за украинските колеги.

Романските и унгарските Универзитети веќе им понудиле таму да ги продолжат студиите.

Има 70 слободни сместувачки капацитети во студентскиот дом во Автокоманда, ама институциите си ја префрлаат топката за тоа кој е надлежен.

-За волја на вистината политичките канџи малку не подзаборавија откако постоиме како Универзитески студентски собранија. Во минатот кога беа Студентските сојузи, па Студенските парламенти, кои беа невладини организации, претежно бе апод влијание на политичките партии како нивен привезок.

-Но со примената на Законот за високот образование и воспоставување на еден сериозен систем на избори на студентските претставници, кои што и ние го предложивме и учествуваме во изработката на тој изборен систем, моментално нашите претставници се легитимни.

-Зборувајќи за Универзитетското собрание притисоци сѐ уште нема, додека на факултетско ниво сум слушнала за некакви обиди од политичките партии, но сепак нема ништо посериозно, изјави за Утрински брифинг Ева Цветковска од Универзитетско студентско собрание при УКИМ.

Говорејќи за посетата на Малта каде што се собраа европските студенти и каде што тема на разговор и фокус беше како да се помогне на украинските колеги Цветковска вели дека 40 организации биле присутни на Европската студенска конвенција.

-Имавме еден состанок со претседателот на Украинското студентско собрание.

-Целото искуство беше трогателно и сфативме дека во изминативе 20 години нашите проблеми се небитни кога го слушавме нивното искуство. Околу 15 студетни се умрени.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

5 × 5 =