Цветковска: Забременуваат девојчиња на 13 години, меѓу најголемите причини е неинформираноста

You must need to login..!

Опис

Секоја година во светот, повеќе од два милиони девојчиња стануваат мајки пред да наполнат 15 години. Процентот на малолетни девојчиња кои забременуваат на возраст од 13 до 17 години алармантно е зголемен. Слична е ситуацијата и кај нас. Со години податоците за малолетничката бременост се загрижувачки. Според едно истражување од 2016 и 2017 година, повеќе од 731 млада девојка забременила, се породила или абортирала. Обично возраста е од 11 до 13 години, од 13 до 15 години и постари. Значи има и малолетнички кои се на 11 годишна возраст. Минатата година, во младинските центри на Хера регистрирани се 27 девојки кои се породиле или ја прекинале бременоста.

Стравуваме дека бројките се поголеми бидејќи се’ уште нема попис, овие статистики се водат нередовно а тие се показател колку всушност имаме дефицит од информации помеѓу младите и колку е загрозено нивното здравје. Освен здравствениот аспект кој зависи од тоа како била изведена интервенцијата, во каква состојба е девојчето која ја оценува лекар во зависност од ситуацијата. Но она што е заедничко кај сите е дека се неспремни за таков чин што е нормално кога се има предвид која е возраста, преплашени се од интервенцијата на прекин на бременоста, им треба долго време и ментално да закрепнат, неретко имаат и дополнителна стигма од околината, од врзниците па дури и од семејството, бидејќи и самото семејство не е подготвено за вакви ситуации кај нивните деца.

Овие состојби најмногу се одразуваат на менталното здравје и нивната самодоверба. Потребна е поддршка од општеството, овие млади девојки треба дополнително да се едуцираат, да им се овозможи и психолошка поддршка“, вели за Утрински брифинг, Мери Цветановска, програмски координатор за ССО и млади во ХЕРА. Таа додава дека најголемата причина за зголемувањето на бројот на малолетничка бременост е неинформираноста на младите. Затоа сите овие теми, освен во младинските советувалишта, ќе бидат опфатени во пилот програмата за часовите по сеопфатното сексуално здравје, кое ќе биде воведено од следната учебна година.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

5 × 2 =