Цветковиќ: Потребна е сеопфатна реформа на учебниците и што поскоро воведување на сексуално образование

You must need to login..!

Опис

По најновата анализа на учебниците за основно образование од аспект на родот и родовата еднаквост, завршната препорака е дека веќе не треба да се бројат учебниците кои содржат родови нееднаквости бидејќи сите се проблематични.

„Потребна е сеопфатна и крупна реформа во делот на продукција на знаења во образовниот систем. Сметам дека кога се работи за овие прашањата образованието е поважно од семејстовото. Нашето типично македонско семејство е традиционално, со многу јасно поделени родови улоги и токму низ таа рамка децата и младите ги трасираат своите ставови и вредности поврзани со родовата еднаквост и правата на мажите и жените. Образованието ја има клучната улога во формирањето на овие ставови. Она што произлезе од таа анализа е и еден песимистички заклучок кој укажува дека многу генерации наназад се учени и обликувани од овој вид дискурси во кои имамае апсолутна застапеност на мажи во учебниците, радикална репрезентација на жени во традиционални улоги, комплетно пренебрегнување на родовата перспектива и прикажување на светот низ розови очила што предизвикува младите неподготвени да се соочат со реалноста.

Се прескокнуваат „непријатните“ теми како насилството, шовинизмот, сексизмот, хомофобијата, расизмот, трансфобијата итн. Сето ова резултира со еден доминантен став на одобрување на насилството, особено она кога е тоа насочено кон жени и многу често обвинување на жртвите. Не зборувам само за физичкото насилство има и други форми на насилство кои се сметаат за норма“, вели за Утрински брифинг, Ирена Цветковиќ, извршна директорка на Коалиција Маргини. Таа нагласи дека системот не е екипиран да се справи со другите видови родово базирано насилство, како што беше случајот „Јавна соба“, кој се’ уште е заглавен во Јавното обвинителство кое се покажува како најслаба алка во системот.

„Не знам колку е јавноста запознаена со локалните варијанти на „Јавна соба“ што се појавуваат низ државата, каде што повторно се работи за нелегално набавени материјали од жени кои живеат во тие локални средини, споделувани во затворен, голем круг жители. За ниту еден случај нема покренато обвинение, а жртвите на овој вид криминал се жалат на навистина лош третман и во полицијата и во обвинителството, односно биле испрашувани како тие да се виновници“.

Според Цветковиќ, воведувањето на сеопфатното сексуално образование може значајно да помогне во формирањето на поздрав однос на младите кон сопствената сексуалност и односите помеѓу родовите.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

4 + 14 =