Цветановска од „Дејзи Фемили“: Ситуацијата е алармантна, отрови се расфрлаат насекаде, институциите потфрлаат – ниеден трујач на кучиња се уште не е откриен!

You must need to login..!

Опис

Откако започна спроведувањето на полицискиот час, забележано е расфрлање на отров ланате низ улиците во Скопје. Се трујат кучиња и ова е алармантно. Опасност не е само за миленичињата туку и за малите дечиња и воопшто луѓето, изјави за Утрински брифинг Ана Цветановска од Здружение на граѓани за унапредување и заштита на благосостојбата на бездомните животни „Дејзи Фемили“ Скопје.

Јас пријавив случај за труење на куче, после долго и упорно ѕвонење успеав да добијам полициски службеник, но заради полицискиот час не бев присутна на увидот од страна на полицијата и информациите ги добивав по телефон. Во меѓувреме разговарав со инспекторот на Агенцијата за храна и ветрина и тој ми кажа дека постапката е долга и вклучува обдукција на лешот која треба да ја платиме ние. По три часа ме контактираа од полиција и ми кажаа дека лешот е отстранет а ветеринарен инспектор не дошол поради полицискиот час, вели Цветановска.

Институционалниот одговор во вакви случаеви целосно потфрла и ниеден трујач на кучиња не е откриен. Веќе четврта година по ред баш во овој период се случува истото. Отрови се расфрлаат насекаде, на јавни површини пред се, изјави за Утрински брифинг Ана Цветановска од Здружението на граѓани за унапредување и заштита на благосостојбата на бездомните животни „Дејзи Фемили“ Скопје.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

12 + two =