Цветановска: Законот за спречување и заштита од дискриминацијата е голем исчекор во борбата за еднаквост

You must need to login..!

Опис

Собранието го донесе Законот за спречување и заштита од дискриминацијата. Со ова ќе се обезбеди ефикасна регулатива која воведува принципи на еднаквост и ефикасна заштитата од секаков вид на дискриминација. Новиот Закон е целосно усогласен со правото на ЕУ и меѓународните стандарди и за него е добиено позитивно мислење од Венецијанската комисија, како и од сите граѓански организации кои работат во оваа област.

Со него, се прошируваат основите, се менува и подобро се дефинира поимникот и дефиницијата за дискриминација. Преку новиот Закон се зајакнува и капацитетот на Комисија за спречување и заштита од дискриминација, а нејзините надлежности се прошируваат во насока на превенција. Критериумите за избор на членови на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација гарантираат дека во ова тело ќе бидат поставени професионалци, на кои основната грижа ќе им биде заштитата на граѓаните.

Гостинка во Утрински брифинг беше Александра Цветановска од македонското здружение намлади правници, како и од Мрежата за заштита од дискриминација која смета дека со овој Закон е извојувана една „голема победа“ “ и направен е голем исчекор во борбата за еднаквост.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

eight − 3 =