Цаца Николовска: Потребно е пошироко толкување на законот, решението е во законодавниот дом

You must need to login..!

Опис

„Граѓанскиот совет за надзор на следените комуникации не си ја врши функцијата за која е направен. Причината е што законот не се спроведува. Треба да се дозволи пошироко толкување на законот. Пратениците да донесат решение со кое ќе му се овозможи на советот да си ја врши својата работа. Не знам зошто се нема волја за тоа“ – вели претседателката на Советот, Маргарита Цаца Николовска во Утрински брифинг.

„Граѓаните нема како да дојдат до нас, нема како да не контактираат, а ние всушност затоа постоиме“. Советот нема добиено ниту денар за вршење на својата работа. Канцелариите кои ги добиле во Собранието се празни и не соодветствуваат со потребите. Цаца Николовска нагласи дека органите и телата кои исто така вршат надзор врз следените комуникации не треба да се плашат од работата на Советот бидејќи тој нема надлежност како Комисиите, туку треба да ги проверува сомнежите на граѓаните и да советува и алармира.

Според Цаца Николовска, пратениците мора брзо да покажат волја за да го овозможат функционирањето на Советот за реформите во безедносните служби да бидат целосни, а не само на хартија. Реформите во безбедносниот сектор беа и услов за нашите евроатлантски интеграции.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

four + 11 =