Царовска: Реструктурирањето на кредитите ќе има и за граѓаните – Димовски од ССМ: Наша должност е да ги штитиме работничките права

You must need to login..!

Опис

Во постојана комуникација сме со Синдикатот и коморите. Како што тече периодот се гледа дека во економијата ќе има поодложени ефекти. Мерките кои што ги понуди владата во првиот удар се да погодат само во центарот – или она што е најзагрозено во дадениот момент. Секако дека е потребен и пакет на мерки и за останатите сектори кои што верижно ќе бидат загрозени од оваа криза.

Како се прибираат средствата така и мерките се надополнуваат. Македонската банка за развој во април стартува со мерките за најпогодените. Втората мерка е субвенционирање на придонесите. Принципот на солидарност е многу важен во овој момент.

Банките заедно со НБРМ донесоа одредени одлуки за реструктуирање. Можат и да ја променат сумата на отплаќање на кредитот. Во криза владата може да има и порадикални мерки, но до сега одлично комуницираме со НБРМ, банките доставија начин на реструктуирање и сега за сега нема потреба од владина интервенција во овој момент.

Реструктурирањето на кредитите ќе биде и за граѓаните, не само за фирмите. Ао ја видите динамиката масовни отпуштања во моментов нема. Она што се гледа во медиумите околу отпуштања, всушност е земањето на платен одмор, и така фирмите и луѓето се снаоѓаат, изјави во Утрински брифинг, заменик претседателот на Владата, Мила Царовска.

Трговската размена со земјите од регионот продолжува и правиме се за да се поттикне земјоделието. Сега е време внатре да стегнеме, правиме проекции и да поттикнеме земјоделието во моментов да произведува добра кои што ние дома ќе ги користиме.

Во Утрински бифинг заедно со вицепремиерката Царовска гостуваше и Дарко Димовски, претседател на ССМ.

Како што изјави Димовски – должност како ССМ е да се штитат работничките права.

Како што рече и Царовска им предочуваме дека можат да земат платени одмори итн… Затоа апелирам да се прочита законот за работни односи – доколку дојде до потешкотии во работењето на тоа претпријатие или фирма, работниците одат на принуден одмор и земаат 70% од платата. Со вицепремиерката и Стопанските комори сме во постојана комуникација. Сакаме да се консолидираат работите и најбитно е луѓето да не останат без работа. Со полна уста велам – ДА, државата треба да се задолжи за да се помогне на граѓаните и фирмите, изјави Димевски.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

9 − 2 =