Царовска: Нема простор за бојкот, стручната јавност ја поддржува дигитализацијата

You must need to login..!

Опис

Темата е значајна. И професори и академици пишуваат колку е значајно да имаме реформи во образовниот систем од најниската возраст кај учениците, за да можеме да постигнеме подобар човечки потенцијал, а со тоа и напредок на државата. Сите процеси кои се започнати за реформирање на основното образование од прво до четврто одделение си течат без престан. Се оди согласно динамиката утврдена на почетокот – донесени се програмите, се посготвуваат учебниците за прво и четврто одделение и секако ќе се случи дигитализаија на оние од четврто одделение заради тоа што Бирото за развој на образованието се подготвува за четврто одделение да имаме дигитални учебници. Тоа ќе покаже дали тие се добри или не. Со цел да се овозможи повторна дебата, да ги судриме различните мислења ние го повлековме Законот, со тоа што нашиот став не се менува. Токму затоа сакаме да ги прикажеме учебниците кои што се со мултимедија, кои се интерактивни, колаборативни и да видиме дали учениците ќе ги сакаат или не. Оттука ќе ја затвориме дебатата или сомнежи дека се сака да се елиминираат учебници кои што се добри, изјави во Утрински брифинг министерката за образование и наука, Мила Царовска и додаде дека истражувањата покажуваат дека учениците учат од катастрофално лоши учебници, кои не се усогласени и не се во согласност со потребите на новото време, имаат премногу факти, без побврзување на темите од различните наставни предмети и дисциплини.

-Дебатата е значајна и до сега ја имавме. Сега велиме – еве уште еднаш да дебатираме и да објасниме и да видиме што не беше објаснето. Предност мора д асе даде на стручната јавност. Ние едноставно како да сите да сакаме учествуваме во секое прашање, но ст ручнат ајавност е главна во овој процес. Тоа укажува дека опоние кои се експерти за настава, учебници, образование, тие треба да ги истакнат своите мислења и ставови по ова прашање. Но дигитализацијата е неизбежна. Не станува збор да ли ние сакаме или не, тоа е глобално прашање. И пандемијата покажа дека ако нешто научивме, тоа е дека брза дигитализација на процесите и итна, бидејќи вакви неочекувани ситуации може да се случат и само спремни држави можат да одговорат соодветно и побрзо.

-Ако се сеќавате првата учебна година, кога за дигитализација ни Д не се спомнуваше во образовниот систем дали имавме успешна година? Ја завршивме, секој се снајде на свој начин. Втората година кога системот мораше да се прилагоди на новото време, имавме целосно дигитализирано образование кое што се одвиваше без престан цела учебна година, додаде Царовска.

Интегралното интервју со министерката Царовска погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

12 + 20 =