Христина Ивановска: Трудот уметниците е потценет исто како и на текстилните работнички

You must need to login..!

Опис

Преименувањето на мостот Близнак во Скопје, кој сега го носи името „Роса Плавева и Накие Бајрам“, беше уметнички проект и иницијатива на Христина Иваноска, една од нашите најзначајни ликовни авторки.

„Замислете беа потребни цели 16 години да се создаде политичка волја за да конечно се прифати оваа моја иницијатива, всушност да се зголеми видливоста на жените во јавниот простор, посебно со имињата на Тоса Плавева и Накие Бајрам кои беа заборавени истриски личности кои ги открив во соработка со кураторката Сузана Милевска иподоцна со истражувањата во нашите државни институции. Меѓутоа, тоа што властите не го разбраа докрај, мојот предлог беше всушност мостот кај транспортниот центар да биде именуван со имињата на овие две жени. Затоа што мене ми е важно да имаме видливост токму во јадрото на градот, за присуството на жените, нивното значење во историјата, но и заради поделеноста на градот која што е видлива во градското јадро, а во времето кога го поднесов предлогот во 2005 година се’ уште беа видливи последиците од конфликтот во 2001 година. Значи во нашето општество потребно е да изнаоѓаме примери на соживот, соработка, да истакнеме дека тоа постоело и претходно во нашата заедница и тоа да биде во фокус кога ќе се донесуваат политички одлуки особено оние што се видливи во јавниот простор. Ианку кога прв пат ја поднесов иницијативата со соочив со поразителни одговори: дека таков мост не може да биде именуван со имиња на жени, посебно заради тоа што станува збор за капитален објект, ми велеа „кои се пак сега тие Роса Плавева и Накие Бајрам“ итн’, вели за Утрински брифинг, Иваноска.

Нејзино дело од понов датум е муралот „Лесна-Акумулација“, при чија изведба таа се стави во кожата на текстилните работнички и седум дена, работеше по најмалку осум часа, со едно шише вода, еден сендвич и кратка пауза.

„Во текстилната индустрија се вработени 80 отсто жени, поразително е што со поддршка на државата нивната работа е минимално вреднувана, дури девалвирана и во договорот со МСУ кој го потпишавме се наведуваат не само условите под кои ќе работам, туку и минималната плата што е дозволена во државата и процентот за кој слушаме дека текстилните работнички треба да го вратат на работодавците. Преку ова, всушност сакав да ја потенцирам положбата и на други маргинализирани групи во општеството за кои што исто така не постои вистинско вреднување на трудот и времето вложено во нивната работа како што се и ликовните уметници за кои 15 и повеќе години наназад, Министерството за култура воопшто не сакаат да одлучат да им се исплатат хонорари за нивната работа. И денес, доколку не успеете да го затворите буџетот за некој ваш проект, на крај се очекува да се откажете од вашиот хонорар или да го сведете на минимум. Тоа е поразителна состојба за која се надевам ќе успееме да ја надминеме и да воспоставиме стандарди за тоа кој е трудот што се вложува и како тој треба да се вреднува“, додава Иваноска.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

6 + 11 =