ХЕРА: ХИВ позитивните со редовна терапија можат да планираат и родителство

You must need to login..!

Опис

Од 20 до 27 ноември, под мотото „Тестирај. Лекувај. Превенирај“, се одржува Европската недела на тестирање за ХИВ, кон која веќе седма година по ред се приклучува и здружението ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување. Проектната менаџерка Весна Илиевска Утевска денеска во Утрински брифинг истакна дека над 700 организации од 53 европски земји, учествуваат во оваа европска кампања, со цел да се зголеми пристапот и свесноста за важноста од тестирањето за ХИВ и да се овозможи пристапот за ХИВ тестирање до што повеќе луѓе.

-Во младинскиот центар на ХЕРА сакам да знам организираме секојдневни смени за ХИВ тестирање и советување во текот на оваа недела, односно до петок. Заинтересираните можат да се јават на телефонскиот број 3 176 950. Закажувањата се одвиваат според интерен протокол за закажување и нудење услуги на клиенти при што се овозможува и заштитна опрема за клиентите. Интересот за тестирање е помал во споредба со минатите години, што е разбирливо ако се земе предвид пандемијата, но сепак има интерес. Младинскиот центар работи во смени и е постојано достапен за заинтересираните граѓани. Во фокус на годинешната кампања е еден малку познат факт за ХИВ кај нас: Н = Н, недетектабилно е еднакво на непреносливо.

-Тоа значи дека луѓето кои живеат со ХИВ и редовно примаат терапија, имаат недетектабилно ниво на вирусот во крвта. Односно, дека вирусот во крвта се намалил до степен што не може да се детектира,. Од тој момент кога количеството на вирусот на крвта ќе стане недетектабилно, станува и непреносливо, со што целосно се спречува преносот на ХИВ по сексуален пат, дури и кога не се користи заштита (кондом). Така, самата терапија за ХИВ, всушност, претставува еден од најефективните начини на превенција на ХИВ.

Ваква појава се случува по три до шест месеци од почетокот на земањето на терапијата, што значи дека значително се подобрува квалитетот на живот на луѓето позитивни на ХИВ. Дури можат да планираат и родителство и имаат ист животен век како и останатите. Терапијата е бесплатна и таа е достапна преку Клиниката за инфективни болести, истакна Утевска. Тестирањето за ХИВ и по завршувањето на Евроспката недела на тестирање за ХИВ ќе биде бесплатно и достапно за сите. Истото е анонимно, без обврска да се остават лични податоци, а не е ниту потребно да се има здравствено осигурување. Тестирањето се одвива под шифра, а резултатите од тестирањето се добиваат за половина час.

Се уште постојат стереотипи и стигматизација на луѓето кои живеат со ХИВ, но сакам да нагласам дека грижата за сопственото здравје треба да опфати и редовни тестирања. ХИВ не бира ниту според раса, ниту според пол, ниту според возраст. Секој кој е подложен на ризично однесување е подложен на ХИВ вирус и треба редовно д се тестира, бидејќи доколку навреме се открие се овозможува и навремен пристап до терапија а тоа значи и овозможување на ормален живот и пренесување на вирусот понатаму, нагласи Утевска.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

three × 1 =