Хаџимишев: Вакви цени, 2000 евра по кубик гас и 540 евра за мегават час, ниту се виделе ниту ќе се видат

You must need to login..!

Опис

Нема политика без енергија и нема енергија без политика. Денеска е 14 ден од почетокот на украинската криза и никој не можеше да очекува вакви размери.

-Цените се вакви поради украинската криза. Вакви цени, 2000 евра по кубик гас и 540 евра мегават час, ниту се виделе ниту ќе се видат. Електричната енергија е зголемена 10 пати. Ние, Македонија, сето тоа ќе го платиме затоа што увезуваме електрична енергија. И гасот најверојат се плаќа авансно со оглед на состојбата, вели еден од најдобрите познавачи на енергетските движења Димитар Хаџимишев за Утрински брифинг.

Тој вели дека цената на гасот е големо оптоварување на тешката индустрија, но главниот проблем е што електричната енергија за домаќинствата има субвенции ама сепак е страотна.

Покапувањето на нафтените деривати исто беше шок, а следната недела не се знае со оглед на тоа дека расте цената.

-Јануари беше критичниот период оти до крајот на декември беа регулирани. Најверојатно ќе остане тоа. Зелените во Германија беа децидни дека мора да се затворат никлеарките во земјата, а штом се затвора некое производство цената на производот почнува да расте, вели Хаџимишев.

Прашањето е колку може Македонија на подолг рок да ги издржи овие цени на енергијата и покрај субвенциите од владата и најавените нови мерки за откажувањ од акцизите.

-Пазарните цени во Европа се врзани. Најверојатно големите играчи во производството на енергенси ќе се откажат од затврање на нуклеарните централи барем во следната година за да се релаксира состојбата во енергетскиот сектор, вели Хаџимишев.

Во врска со нуклеарните централи, Хаџимишев вели дека се безбедни затоа што се градени под земја и ако нешто се случи веднаш ќе се затрупаат. Тоа се електрани кои брзо се прават. Велика Британија веќе 10 години гради една нуклеарна централа, но од втората најверојатно ќе се откаже.

Ако Русија и САД заработуваат помалку пари од енергенсите, Европа станува голема жртва на енергетската криза затоа што Европа е врзана со увоз на енергенси главно од Русија.

-Од сите класични извори на енергија гасот мора да остане оти е битен како партнер за обновливите извори на енергијата. Но тие се непредвидливи, поради што гасот мора да остане. Клучната предност на гасот е непредвидливоста на обновливите извори на енергија. Главна работа е да имате извор на енергија кој бргу може да стартува и да го надополни она што фотоволтаиците не можат да го покријат. Во моментов во Европа нема шанси некој да направи сет на гасоводи какви што Русија прави со децении, вели Хаџимишев.

Хаџимишев потсетува дека украинскиот гасовод за пренос на руски гас кон Европа од што Украина многу заработуваше е клучен гасовод.

-Среќна околност е што инвестициите во израдба на системи за обновливи извори на енергија не се толку скапи како кај нуклеарните централи. Реален период е 10 години за да може да се стигне до задоволителна количина енергија од обновливи извори. Трите сегменти на енергијата – јаглен, гас и нафта – влечат повеќе од 3 отсто од БДП во Америка и голем број работни места. Ако се загубат тие места, што ќе прават САД и другите земји?, вели Хаџимишев.

Тој додава дека до 2040 година поради сето наведено ќе продолжи користењето на гасот иако потрошувачката ќе опадне. Кај малите нуклеарни централи кои се побезбедни и поевтини добро е што можат да се постават каде било и за 15 години ќе ги има доволно. Оттука, Русија ќе треба да си го преорганизира производството за одржување на своето население.

-Моја прогноза е дека оваа ситуација ќе се смири од аспект на цените. Мислам дека ако беше стариот состав на ЕУ, немаше ни да дојде до оваа ситуација. Меркел можеше да зборува со Путин и да се разбере, вели Хаџимишев.

Проследете го целиот разговор во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

14 − 9 =