Постои ли опасност Атиџе да биде искористена во партиска пропаганда – Хасан во УБ

You must need to login..!

Опис

Министерот без ресор за привлекување странски инвестиции во македонската влада, Елвин Хасан помина 36 километри пеш за да се сретне со Атиџе Муратова, главниот јунак од филмот „Медена земја“ кој нодамна доби две номинации за Оскар.

Десетиците километри не му претставуваа проблем на министерот и неговата придружба да ги изпешачат за да се видат со хероината од филмот која ги освои срцата ширум светот со својата животна приказна.

-Ја посетивме Хатиџе Муратова, протагонистот на македонскиот документарен филм “Медена земја”, која ги освои срцата на целиот свет со својата приказна и својата љубов кон природата и кон сите живи суштества. Пешачевме околу 36 километри (7часа) од с.Дорфулија до с.Бекирлија каде што живее хероината и каде беше снимен филмот. Низ филмот Хатиџе не учи на изгубените вредности, а гледаме и како алчноста на луѓето ја уништува земјата. Филмот достигна светски успеси, има добиено бројни награди и две номинации за Оскар. После нашиот разговор со неа увидовме дека покрај успехот на филмот скромноста, гостопримството и добрината на Атиџе се неизмерни.

Нова вест е предлогот на градоначаникот Атиџе да почне со работа. Сметам дека таа не би требало да има проблем до пристапот на работното место бидејќи има изграден пат од родното место до Лозово., изјави за УБ Хасан.

Според него, порака на Атиџе – Пола за мене, пола за нив (пчелите) треба многу сериозно да се сфати и ние како држава но и во светски рамки. Постојано говориме за глобалното затоплување за уништување на природата и таа порака и традиционален пристап кај пчеларите, каде што човекот зема онолку колку да ги задоволи своите потреби, а другиот дел го остава за да можат истите пчели да преживеат. Грижата за природата во тој традиционален пристап на пчеларење е начин кој што треба да го смени нашиот начин на размислување.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

9 − three =