Хасани: Масовна вакцинација низ државата по Велигденските празници

You must need to login..!

Опис

Според заменик министерот за здравство, Илир Хасани, состојбата со Ковид 19 во државата почнува да стивнува, главно вели, поради последица на преземените мерки.

„Ова стивнување е поради две големи причини: Едната е тоа што сепак имаме епидемиолошка крива која мора да расте, да достигне врв и да паѓа, тоа е општо правило за овие респираторни вируси. Втората работа е каде што ние можеме да делуваме како здравствени авторитети, а најмногу луѓето. Тоа што го видовме ние последните недели беше „смешен“ број, оти сме научени на троцифрени броеви. Тоа е консеквенца на почитување на мерките, несобирање по угостителските објекти…Во однос на организацијата ние секогаш бевме еден чекор пред вирусот. Ако не му посветиш еден ден на вирусот, тој ќе те стигне и ќе направи хаос. Поучени од италијанските и шпанските сценарија од првиот брат, тоа не сакавме да го гледаме во нашата држава. Алармирани беа и Владата и кризниот штаб и сите надлежни беа синхронизирани во таа органзиција“, изјави Хасани во Утрински брифинг.

Во однос на мрежата кислород и како е капацитетот во здравствните установи, Хасани рече дека како инфраструктура во однос на дистрибуција на кислородот до секое легло, има соодветно депо со дополнети капацитети.

Тој смета дека надлежните власти добро се справуваат со целата епидемија, бидејќи во државата има 60 инфектолози, но добра организација и позитивна волја кај сите здравствени работници клучни за борбата со пандемијата.

Заменик министерот за здравство се осврна и на процесот со вакцинацијата. Ги повика граѓаните да се регистрираат на веб страната Вакцинација.мк, а зборуваше и зошто е важно да се прима вацината со оглед на регулативите кои (ќе) се носат во Европа и светот.

„Во владата има два потштаба за вакцинирање: за набавка и вакцинација. Очекуваме голем број на вакцини да пристигнуваат и да се слева таа масовна вакцинација. Врз основа на сите информации кои ги поседуваме имаме голем број набавени вакцини кои се во реален рок во однос на набавката…нема друга светла точка на крајот на овој тунел е вакцинацијата. Основата на излегување од оваа пандемија не е индивидуална вакцинација, реалниот пат за излез е само масовна вакцинација. Ова е сериозна болест, одзеде животи на многу блиски луѓе и се чудам како се уште има луѓе кои се сомневаат во овој вирус. Ќе се отворат границите со Грција, ако го немаме електронскиот пасош за имунизација, нема да може некој да помине граница. Утре ќе се постави прашањето дали ќе може да се оди на фудбал, на концерт…Ние во моментов немаме лимит за движење бидејќи во моментов сме зона која може да експортира вирус, не да има опасност за внес на вирусот, но вакцинацијата е навистина неопходна“, вели Хасани.

Во соработка со МВР и граничните органи, вели се разговара за голем проект за издавање бар код од централна база на здравствени податоци, врз основа на што, на границите ќе може да се добијат информации за имунолошката слика на поединецот во однос на Ковид 19, и ако тоа е идеја во размислување, масовна вакцинација низ територијата на државата, според Хасани ќе се случи после Велигден.

„По велигденските празници се започнува со масовната вакцинација насекаде врз државата. Вакцинација.мк е сајт направен специјално за оваа цел, апелирам да се регистрираат луѓето, бидејќи ќе биде приоритетно со масовното стигнување на вакцините да се дојде до неа“, вели заменик министерот за здравство во Утрински брифинг.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

fifteen − 8 =