Функционирање на музичките здруженија пред, за време и после пандемијата, разговор со Симоновски од „Музика сега“

You must need to login..!

Опис

Ние сме здружение кое се грижи за правата на композиторите и изведувачите, од оние изведувачи на клубски свирки, па се до филхармонија. Сферата на делување е јасна, ние сме професионално здружение, изјави во Утрински брифинг, Трајко Симоновски, претседател на Здружението „Музика сега“.

Ситуацијата со пандемијата беше „конструктивен момент“, бидејќи сите музичари немаа работа и беа унифицирани во своите потреби. Но ова здружение има многу подолгорочни цела. Кога живеев во Загреб почуствуав на своја кожа како функционира Хрватската глазбена унија и тоа во време на војна. Кога се вратив тука видов дека такво нешто не постои, широко здружение кое ќе ги постави работите на повисоко рамниште. Дојде време кога сфативме дека ние музичарите само губиме, немаме осигурување, освен ако самите не издвоиме од оскудниот буџет, така што потребата од вакво здружение дојде природно, вели Симоновски.

Имаме пријавено околу 500 членови, се музичари, од класичари, џез музичари се до луѓе кои се бават со свадби, така што дијапазонот е многу широк, повеќе не интереесира професионалниот аспект, изјави за Утрински брифинг Симоновски.

Ситуацијата е катстрофална. Имаме случаи каде сопруг и сопруга живееле од музиката и сега немаат никакви примања. Помошта што ја добивме од владата дојде одлично, но таа помош дојде да се закрпат досегашните дупки, но пандемијата продолжи. Се надеваме и на понатамашно соработка. Наша долгорочна цел е да се качиме еден или два чекори погоре во хиерархијата и да формираме комора која од други позиции би влијаела на носењето на законите и конструктивно да влијае за решавање на проблемите кои нас не добираат секојдневно, вели Симоновски.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

three × two =