Фудфлористика е концепт што носи радост и среќа -Гуржовска во УБ

You must need to login..!

Опис

Фудфлористика е нов правец. Ги спојува традиционалната флористика која се состои од аранжмани, букети, цвеќиња и слично, со храната. Најчесто овошје и зеленчук. Па се измислуваат букети од се што се јаде.

Дуќан немам бидејќи фудфлористика е деликатна работата па не сакам да имам на лагер. Имам работилница каде што се изработуваат букетите. Така клиентите се сигурно. Декорацииите одсекогаш ме привлекувале. Првиот букет беше за мојот син и неговата прва претстава. Не е едноставно, но првичната идеја оди по нагорна линија со единствена цел да постигнува позитивни емоции, радост и среќа.

Цените на букетите се различни. Зависи од техниката што се применува, потрошеното време, какви производи ќе се употребат итн. Се почнува од 600 ден па нагоре , изјави во Утрински брифинг Ирена Гуржовска од „Букет среќа“.

Гуржовска: Фудфлористика е концепт

Од самиот старт знаев како сакам се да изгледа и како треба да се работи. Тргнав со убаво смислен концепт за целокупното претставување, знаев како треба да изгледа првата фотографија што ќе излезе на социјалните мрежи, бев подготвена со информации благодарение на претходно истражување на пазарот, благодарение на што имав подготвена пресметка на цени.

Моето познавање на рускиот јазик, по професија сум преведувач од Руски јазик, ми помогна да најдам ментор во Русија.

Од Ања Назарова ја научив основната технологија како се прават букетите, бидејќи откако ќе се направи букетот продуктите треба да го задржат својот мирис и вкус и да може да бидат јадливи и отпосле.

Девојката што ме научи беше прва во светот што почна да се занимава со фудфлористика, па решив да учам од оној кој ги поставил темелите за букетите што се јадат.

Тоа е олеснителна околност со оглед на тоа што презентирам нешто ново кај нас. Не би сакала како што ќе расте името на брендот, вртоглаво да растат цените. „Букет Среќа“ ќе биде бренд кој ќе носи квалитет и доверба.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

thirteen − twelve =