Фудбалерката Андонова со порака: Треба да се издржи, се работи за нашето и здравјето на нашите најблиски

You must need to login..!

Опис

Шпанија е едно од најголемите светски жаришта. Тренинзите се прават преку интернет видео врска. Целиот тим е вклучен преку новите технологии, изјави за Утрински брифинг директно од Шпанија, фудбалерката на Барселона, Наташа Андонова.

Оваа ситуација со пандемијата негативно влијае на сите нас, но со тек на време се сфати дека треба да се почитуваат мерките и тоа вродува со плод. Сигурно ќе влијае и на спортот, како на клубски така и на репрезентативен план, но најбитно е здравјето рече Андонова.

Имам контакт со сите колеги каде што сум играла. Во секоја држава е различно – во Шведска тренираат нормално, во САД и Холандија може да се излегува, но се препорачува да се внимава.

Кај нас во Македонија како да паѓаат во депресија луѓето, но како што реков треба да се издржи, сепак се работи за нашето и здравјето на нашите најблиски, вели Андонова.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

twenty − 16 =