Фрчкоски: Тезата и форсирање на општа кризна состојба е глупаво решение и системот така би колабирал

You must need to login..!

Опис

Македонија е во ситуација на техничка влада, распуштен парламент. Битката е на друга страна – вонредна или кризна ситуација.

Има една тема во политиката која се вика био политика. Тоа е врска на политиката со одредување на нашиот живот. До сега вонредните состојби беа третирани како анти демократски режим. Ако ја земеме како пример Кина и вонредното реагирање на државата може да биде хуманистички третирано и тоа е скандал за либералите – како може авторитарноста, односно тие брзи решенија да бидат во корист на нашите животи и да даваат подобри резултати.

Кризните состојби не се уставна категорија и се решавани со законот. Насочени се кон локални кризи и бараат голема интевенција на државата. Пример Дебар и Центар жупа. Тоа ако се случи во Скопје системот ќе колабира. Затоа тезата општа кризна состојба на цела територија е апсурдна и наменета е да се избегне терминот вонредна состојба, од страв владата што би зела во свои раце. Тоа е глупаво решение и системот би колабирал.

За среќа вонредната состојба е инструментот со кој може да направите две работи. Едната димензија е на владата да и даде можност да ја апсорбира улогата на Парламентот, да биде мобилна, да префрла пари од буџетот за помош на економските субјекти кои ќе почнат да трпат последици. Таму треба да се помага и владата ова сега не може да го направи, изјави во Утрински брифинг, универзитетскиот професор Љубомир Фрчкоски.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

thirteen − five =