Фрчкоски: Ако некој е неспособен, и сѐ да му е напишано во Уставот пак ќе го прекрши -ако Бугарите влезат во Уставот, тогаш признаваат дека се различни од Македонците

You must need to login..!

Опис

Вчера прославивме 30 години од првиот Устав на Северна Македонија, а еден од неговите творци е проф. д-р Љубомир Фрчкоски кој беше гостин во денешен Утрински брифинг..

-Уставот е еден успешен акт кој ни помогна во првите чекори на воведување либерална демократија. Некои добри работи се прават наспроти јавното мислење, а таков беше и овој устав оти расположението тогаш беше да се оди на некој „апартхејд“ – посебно Македонци, посебно Албанци. Да одеше на референдум ќе паднеше, вели Фрчкоски за Утрински брифинг.

Фрчкоски вели дека Уставот го издржа тстот на времето.

-Прво во него имате концепт, а тоа е концепт за либерални граѓански права. Втор момент е што на некој начин е откроиран, наметнат е, оти во спротивно ќе оди против граѓанските права. Тогаш партиите беа премногу шокирани што ќе се случува со Македонија. Имавме поддршка од Глигоров во смисла да нѐ остават експертите да го направиме како што сметаме. За воведување на либералниот концепт беше добар, додава Фрчкоски.

-Избравме парламентарен модел со нагласено влијание на претседателот. Зошто? Оти сме мултикултурна држава. Ако е парламентарен исклучиво и ако нема фигура кога го изразува единството кај државата – во надворешната политика и одбраната, ќе се ослаби позицијата и стабилноста на државата. Ако во овој дел се промени Уставот, ако се пресели извршната власт само кон владата и се исклучи претседателот тогаш ќе имаме проблем при контролата на законите што ја има претседателот и сѐ ќе зависи од составот на парламентот кој е релативен, објаснува Фрчкоски.

За тоа дали од денешен аспект има нешто што би можело да се промени во Уставот Фр4чкоски вели дека не би менувал ништо суштествено.

-Уставот е краток и толкувањата се оставаат на Уставниот суд кој го адаптира на реалноста. Некои сегашни измени се погрешни. Идејата дека корупцијата во судството ќе ја решите преку Устав е погрешна. Не е до изборот на моделот туку до изборот на извршната власт дали ќе применува политичка култура да не влијае врз судството. Кај Обвинителството амандманот е репресивен, оти сега имаме луѓе кои бескрајно лежат во притвор оти Обвинителство не може да состави обвинение за шест месеци, вели Фрчкоски.

Тој се сеќава дека дел од тогашната катедра по уставно право од Правниот факултет не беа вклучени во создавањето на Уставот оти, како што вели, беа против независна Македонија и правеа устави на скратената Југославија

Сега постои опасност да се навлезе во Уставот и да се вметнат промени кои се против граѓанските права со оглед дека има радикални партии кои мислат дека почнува сѐ од нив.

-Уставот беше одбрана во времето на груевизмот. Уставните одредби ги менуваат за да може да влијае извршната власт. Ако имавме сѐ напишано во Уставот во малцинските права, во 2001 ќе преговаравме за федерализација наместо со малцински права. А војната не можеше да се избегне оти го имавме Косово покрај нас со своите проблеми, појаснува Фрчкоски.

Фрчкоски не смета дека е проблем Бугарите во Македонија да бидат вметнати во преамбулата на Уставот.

-Преамбулата не е оперативен дел туку историска меморија. Така што не е проблем да се прошири со додавање на Бугарите. Така Бугарите прифаќаат дека постои бугарско малцинство во Македонија кое е различно од Македонците. При влез во ЕУ се отвора и член 118 кој се однесува на меѓународните договори кои тогаш директно ќе се применуваат без посредство на извршната власт и дел од суверенитетот го префрламе во ЕУ, вели Фрчкоски за Утрински брифинг.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

sixteen − four =