Фросина Ивановска: Се зголемува бројот на жени жртви на насилство кои бараат стручна помош од психолог

You must need to login..!

Опис

Во текот на една недела во советувалиштето при Националната мрежа против насилство врз жените и семејното насилство, се јавуваат околу 20 жени, кои се биле жртви на сексуално насилство или вознемирување, вели психологот Фросина Ивановска.

„Секако дека се должи на зголемениот број кампањи, информациите и реакциите што се споделуваат во однос на неприфатливоста на сексуалното насилство и сексуалното вознемирување, коешто беше актуелно во овој период со „Јавна соба“. Меѓутоа, генерално, мислам дека се должи на зголемените напори на сите организации и специјализирани услуги кои се обидуваат да стигнат до се’ поголем број на жени и девојки коишто претрпеле различни облици на насилство. Бројката не само на нови, туку и оние кои што редовно добиваат поддршка, бидејќи таа поддршка не се состои само од еднократно јавување, е околу 20 жени неделно. Сите жени кои се обраќаат за помош чувствуваат првенствено срам, бидејќи сексуалното насилство и сексуалното вознемирување се навистина тешки и непријатни искуства за споделување.

Но има жени кои доаѓаат со чувство на страв, во однос на тоа дали ќе прекине и страв доколку се охрабрат да го пријават и да побараат помош, дали тоа ќе значи заштита и поддршка и прекин на овие однесувања или пак можеби ќе значи зголемување на насилството зашто имало и такви случаи“, вели за Утрински брифинг, Ивановска Таа објаснува дека поддршката и помошта за жртвата мора да биде со нејзина согласност. „Првично, стручњаците кои работат со овие проблеми прават проценка дали во моментот девојката или жената е се’ уште изложена на некаков ризик и дали насилството прекинало или се’ уште трае и колку е тоа опасно и за нејзиниот физички интегритет, но и за нејзиното психичко здравје.

Потоа со согласност на жената што е жртва се договараме што може понатаму да преземеме затоа што пријавувањето во надлежните институции може да значи дополнителна вознемиреност и изложеност“, додава Ивановска.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

5 × 1 =