Од : Ивана М. Лазаревиќ
You must need to login..!
Опис
Во овие тешки времиња, во кои општото функционирање е отежнато со секојдневното соочување со пандемијата на ковид-19, културата се бори да опстои и со своите програми да понуди содржини на публиката кои едуцираат, анимираат, нудат отклон од секојдневното соочување со буквалноста на реалноста, вели Ана Франговска, кустос во Националната галерија каде се отворени четири изложби.

Исторемено, независната група Арс акта организираше свој проект, а Здружението на ликовни критичари – AICA Македонија го одржа своето годишно собрание на тема „Обликување на состојбата на промени“. „Најнапред, кога започна пандемијата, повеќе се активиравме на социјалните мрежи, кадешто спроведовме неколку проекти кои беа во контекст на времето што го живеевме. Овие месеци ноември и декември, објектите на Националната галерија се полни со уметнички проекти во физички простор, па така во Даут пашин амам е поставена е ретроспективната изложба на Решат Амети, а во Чифте амам се отвори изложбата на Моника Мотеска „Везење во камен“, а потоа и изложбите на двата пилот проекти кои годинава ги спроведе Националанта галерја, а тоа се конкурс за зрел уметник и конкурс за двајца млади уметници што резултираше со интерсна и прекрасна селекција на автори и проекти. За најдобар проект на зрел уметник беше избран „Нови пејзажи – архив на реалноста“ на Роберт Јанкулоски и изложбите на младите Викторија Попоска и Дарко Комненовиќ, поставени во Мала станица“, вели Ана Франговска, кустос во Националната галерија.

Таа беше кураторка и на независниот проект на здружението Центар за култура и уметност Арс акта на тема „Траумакултура“ во кој учествуваа уметниците Игор Сековски, Славица Јанешлиева, Гоце Наневски и Борис Шемов. „Уметниците на мошне интересен и интригантен начин решија да се ослободат од ракавиците на пристојноста и да проговорат за својата интима и да ги кажат своите визуелни сондирања за темата Траумакултура, т.е. болката или сите трауми со коишто се соочуваме во нашето секојдневие поаѓајќи од лични ситуации и проблеми или пак општествени проблеми кои влијаат врз нашата психа и здраворазумно размислување.

Оваа изложба се реализираше во неинституционален простор, во една фабрика шо се наоѓа надвор од централното градско подрачје во стариот Металски завод Тито за да се акцентира реалицјата култура – институција, од една страна, а од друга страна таа изгубена врска со природата особено во вакви пандемиски времиња, а не беа исклучени и рефлексиите што се однесуваат на општествените трауми; системот за едукација и други проблеми со кои се соочуваат културните работници“, рече Фтанговска.
Tags
Слични видеа
Д-р Босилков: Потребна е хиперлокализација на политиката која би создала повторна блискост помеѓу луѓето
Трамп е симптом на една болест која веќе постои, која што го нагризува не само американското општество туку и целиот свет. Тој дојде во прав мо
Костов: Нацрт извештојот на УНЕСКО за Охрид ќе ги мобилизира сите надлежни, но потребни се реформи
Официјалниот извештај на УНЕСКО за состојбата на природното и културното богатство во Охридскиот регион ќе излезе откако и ние од наша стран
Отсега обука за прва помош само во Црвен крст
Од први февруари обуката за Прва помош која е задолжителен дел од полагањето за возачка дозвола, ќе се одвива единствено во просториите на Црв
Д-р Митов: Хипертензијата е едно од најважните запоставени јавни здравствено прашање – СЗО го става во самиот врв на ризик фактори за висока смртност
Покачениот крвен притисок и неговата регулација е едно од најважните запоставено јавно здравствено прашање. Покачениот крвен притисок СЗО г
Андоновиќ: Последните часови на мандатот на Трамп- Бајден денска станува 46 претседател на САД
Во 12 часот на пладне по локално или 18 часот по средно европско време Џозеф Бајден ќе биде инаугуриран за претседател, 46 ти во историјата на САД.
Најчевска: Човештвото како да е на ниво на развојот кога почнува да ја сознава својата инфантилност
Говорот на омраза може да е израз на немоќ нешто да се направи, меѓутоа сигурно не е решение. Тој не е орудие на демократијата, туку е оружје кое
Кузмановска Николовска: Горда сум што и во ова невреме изнајдовме услови мечувалците да бидат активни
Мечувањето и пркосеше на светската пандемија и ние останавме активни. Првиот месец откако пандемијата дојде кај нас, ние додека се организира
Василевски: Ковачки ја доведува својата партија во заблуда дека не постои соодветна процедура при издавањето на безбедносните сертификати
ВМРО-ДПМНЕ и Ковачки си паднаа во дупката која сами за друг ја копаа. Сакам да ве информирам дека двете лица кои тие ги спомнуваат на прес конфе
Славчо најавува сончево и потопло време, температурите до 7 степени
Денес времето во Македонија ќе биде сончево и малку потопло со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер претежно од југозап
Утрински брифинг 20.01.2021
„Утрински брифинг“ е местото каде секој работен ден од 07:30-10:00 часот, низ динамична програма составена од актуелни информации, анализи и разг
Јакимовски: Со изградба на нов монтажен паркинг ќе се решава проблемот со паркирањето во клиничкиот центар
Заедно со министерството за здравство и Владата, Градски паркинг минатата година го изгради паркиралиштето пред Гинеколошко-акушерската кли
Скерлев: Фокусот во Велика Британија е кај ковидот и последиците од Брегзитот сѐ уште не се „легнати“ кај граѓаните
Вакцинирањето се одвива релативно добро, со забрзано темпо и ова е операција во која учествуваат се поглем број вработени во јавното здравств