Фоторепортерката Мехмети: Фотографијата овековечи еден историски момент во кој живееше целиот свет

You must need to login..!

Опис

Новинарскиот тим на Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ) ја освои наградата „Никола Младенов 2020“ за Најдобра истражувачка сторија, за серијалот текстови „Пандемско профитерство – другата страна на приказната за ковид-19“.

Фоторепортерката Арбнора Мехмети ја освои наградата за најдобра репортерска фотографија за „Две патки поминуваат на пешачки премин во време на полициски час“ објавена во „Слободен печат“.

Добитничката на наградата Мехмети за Утрински брифинг вели дека фотографијата е еден историски момент во кој живееше целиот свет.

Фотографијата беше направена минатата година на 23 март. Бев зачудена од реакциите на публиката, што ме направи уште посреќна. Знам дека таа фотографија ќе се памти уште долго.

Мехмети вели дека има голема архива од периодот кога движењето беше ограничено.

Беше и еден голем момент, за јас како фоторепортер да се „придвижам“ и професионално и јас донекаде тоа го постигнав. Условите за работа беа ужасни и сите колеги знаат дека немавме заштитна опрема. Само 10 маски ни беа дадени од ЗНМ и со нив не можеш да покриеш цела година. Цело време бев приморана сама да купувам заштитна опрема за да можам да излезам на терен. Тука сакам да им се заблагодарам на медицинските тимови кои самите ни подарија опрема за да можеме да го покриеме теренот, вели Мехмети.

Наградата „Никола Младенов“, Институтот ја доделува од 2011 година, со тоа што во 2013-та таа е именувана во името на новинарот и сопственик на неделникот „Фокус“. Наградите се доделуваат традиционално дваесетти пат, како дел од заложбите на МИМ за унапредување на професионалното новинарство и на демократските вредности во земјава.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

18 − eleven =