🎥 📞 Фифа: Синдикатот на пожарникари бара изземање од ограничувањето за додатоци на плата

You must need to login..!

Опис

Синдикатот на пожарникари на Град Скопје реагира на уредбата со која се врши ограничување на исплатата на додатоците на плата за април и мај и бара пожарникарите да бидат изземени од неа, изјави за Утрински брифинг Роберт Фифа, од синдикатот на пожарникарите.

Бараме да ни биде удоволено нашето барање за изземање од оваа одлука и сакаме да знаете дека пожарникарите се големи во срцата и душите и со сите ризици кои ги носи оваа професија ќе ги издржат и ќе бидат и понатаму сервис на граѓаните.

Мислиме дека како што припадниците на специјалните единици „Тигар’’ и „Волци’’ во рамките на МВР и МО интервенираат само во исклучителни ситуации, а нив не ги опфаќа оваа уредба, така и ние треба да бидеме ставени во редот на униформирани интервентни служби и така да бидеме третирани во овој случај, вели Фифа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

five − 4 =