Фирмите да го следат примерот на „добрите компании“ и да почнат да ги вреднуваат работниците

You must need to login..!

Опис

Формумот на добри компании кои на 14 и 15 април се одржа во Скопје, а на кој имаше говорници од многу земји во светот, вклучувајќи ја и германската амбасадорка Анке Холштајн, како и Чарли Фелгејт, лидер за иновации и визија во „Декатлон“, компанија која ја ужива репутацијата на „добра компанија“, има за цел да ги пренесе позитивните искуства и во Македонија. Дали има услови во Македонија да се отворат фирми кои ќе се стекнат со епитетот „добри компании“ го прашавме Небојша Илиевски, контент директорот на Форумот на добри компании.

-Традиционалниот капитализам во изминатиот век искреира сериозни проблеми во општеството. Сега фокусот е во тоа, каде можеме да го еволуираме капитализмот а да биде добар и за пазарот и за планетата, но и за тие кои работат во компаниите. Се прави листа и на 500 најдобри компании во светот според социјалниот импакт. Добра компанија не е онаа која што си го има сопствениот бизнис модел, и повремено ќе подели новогодишнио пакетчиња, или ќе организира акција за чистење. Крајно време е да очекуваме нешто повеќе. Дали можеме во мисијата на компанијата да вградиме такви цели кои по природен пат ќе ги прават овие латерални корисни цели за општеството? Големите компании „Декатлон“ и „Икеа“ се одлични примери како може да се работи за доброто на другите, а истовремено да се остварува и профит, вели Илиевски.

Интересот на Икеа да соработува со социјални претпријатија е чисто деловен интерес. Од една страна имаме компании кои целат кон профит, а од друга страна ги имаме компаниите кои развиваат социјални бизниси што решаваат општествени проблеми. И тие прават профит меѓутоа профитот го искористуваат на начин кој не носи богатство само на менаџерите, туку на општеството во целина. Добрите компани профитот го распределуваат кај своите вработени.Исто така социјалните претпријатија вработуваат луѓе кои се од маргините и кои не би нашле работа на друго место. Секоја компанија вреди толку колку што вредат нејзините компании. Меѓутоа кога единствената цел на компаниите е профитот, ова останува само флоскула. Бенефитот од работењето не се распределува на работниците на начин на кој би требало да се распределува, а тоа е потребно за работниците да се почувствуваат вреднувани. Традиционалниот пазар на труд најчесто не гледа во вештините кои ги поседуваат луѓето, туку гледа во нивните недостатоци. -Ме радува тоа што и во Македонија има компании кои решавајќи општествени проблеми, прават бизнис.Позитивен пример за тоа е апликацијата „Air care“, која започна од идејата да се провери квалитетот на воздухот, а сега вработува луѓе дури и во Америка, вели Илиевски.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

eighteen − 2 =