Филков: Секоја наредна помош до општините треба да биде условена со цврста финасиска дисциплина

You must need to login..!

Опис

Општините ако сакаат утре да излезат и дел од нив земаат кредит од странство, за кои што како гарант се јавува државата, мораат да покажат дека располагаат на солиден начин со совоите приходи и расходи, имаат добра евиденција, прибираат даноци, значи финасиски им се средени работите како еден услов да добијат кредити.

Сите оние коишто се ценат на овој начин, прво им се проверува како се однесуваат со овие изворни приходи. Истражувањето покажа дека општините просечно се успешни околу 80%, односно 20% не можат да донаплатат данок на имот. Се покажа и дека општините немаат баш некоја ажурна евиденција околу овој данок. Некои општини не го делат на правни и физички лица, некои општини имаат увид кому издаваат решенија, а немаат увид дали од тие истите ги примаат партите. Арачиново не ни издава решенија, нема служба, евиденција. Не дека од овој данок ќе приберат којзнае колкава сума, но го покажува одност на општината кон своите пари, кон своите граѓани. Од друга страна како граѓаните ќе бараат повеќе од општината кога не чуваствуваат дека и тие придонесуват и плаќаат, изјави Герман Филков, претседател на Центарот за цивилни комуникации.

Целиот разговор и анализа погледенте ја во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

five × 1 =