Филков: Потребна е борба – корупцијата и судирот на интересите е нешто што секојдневно се појавува во нови форми

You must need to login..!

Опис

Тоа што ние одбравме да го правиме одамна е да следиме дали парите се трошат за општо добро, од аспект на тоа да ги истакнеме оние проблеми кои што можебби заначата дека тие пари не се правилно потрошени, дека можеби се украдени итн.. Јавните набавки се една третина од буџетот и како такви се во една позиција каде државата најдиректно со бизнисот соработува и оттука има највеќе простор за корупција, изјави во Утрински брифинг Герман Филков, претседател на Центарот за цивилни комуникации.

Наредокот е индивидуален, зависи од првиот човек и луѓето кои работат на тоа поле. Имаме институции кои што кога ќе дојде нов човек, ни приоаѓа, сака се што имаме за нив да дадеме, објасниме, кажеме и низ годините гледаме како напредуваат. Често се случува откако тој човек ќе го сменат од таа функција, институцијата повторно да падне. Како никогаш до сега, во Македонија се збори за корупцијата. Во 2005 немало годишно ни 100 објави во медиумите за корупција во јавни набавки. Денеска имаме 100 дневно, вели Филков и додава дека корупцијата сега не е тајна, табу тема.

Корупцијата е тука, ја гледаме и тоа може веќе да претставува балонот на фрустрација на народот и да пуикне еден ден, зашто стварно веќе сакаме промени, вели Филков.

Ние постојано укажуваме на состојбите. Корупцијата е тука и е многу страшна, а извештајот само ни кажа што ние мислиме за тоа. Мислам дека ни недостига систем во борбата против корупцијата.

Целиот разговор со претседателот на Центарот за цивилни комуникации, Герман Филков, погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

16 − one =