Филков: Корумпираните едвај чекаат кризни ситуации

You must need to login..!

Опис

Додека трае украинската криза и сите погледи се свртени натаму, корупцијата продолжува да цвета.

-Најризична состојба за појава на корупција е ситуација на криза, корпумпираните едвај чекаат вакви моменти. Се војува во Украина, кај нас се празнат рафтови. Можеби сѐ не е поврзано со корупција, но има тргување со податоци и инсајдерски информации од кои некои извлекуваат корист, вели Герман Филков од Центар за граѓански комуникации.

Филков вели дека лобирањето не е сѐ уште регулирано кај нас. Кога станува збор за ковид набавските, например, сѐ е законски во 40 анализирани тендери, немаше набавка во која немаше проблем, а органите можат да докажат тоа. Исто е и со маркичките како онаа спроти „Нова Македонија“, веи Филков.

-Зошто кај нас сѐ треба прво да се открие па потоа да се рече дека ќе се смени законот? Ние паметиме, ги паметиме и предизборните ветувања, вели Филков.

Тој додава дека и да се смени власта, одредени слоеви што имаат моќ на одлучување не се менуваат а тие имаат големи дискрециски овластувања.

Проследете го целиот разговор во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

16 + eighteen =