Филков: Кога корупцијата ќе се перципира како проблем, полесно се искоренува

You must need to login..!

Опис

Состојби со корупцијата во државата се мерат со различни мерила. Последно е Индексот за перцепција на корупцијата според кој годинава нашата земја бележи напредок од 24 места.

-Би рекол дека ова е реален одраз, имаше подобрувања и имаше влошувања, се подобривме за 4 индексни поени, а тоа се 24 места подобра позиција во индексот на корупција. Главно се работи за добро владеење, вели за Утрински брифинг, Герман Филков од Центарот за граѓански комуникации.

Посериозните истражувања се добро организирани. Овој индекс како и другите не мерат фактички односи туку мерат перцепција. Значи имаме перцепција за подобрувањето на состојбата со корупцијата. Сега во јавноста како да се враќа вербата на целите на Шарената револуција.

-И во друго истражување во декември излезе дека корупцијата е прва на списокот од она што им пречи на граѓаните, т.е. 63 отсто испитаници не ја прифаќаат корупцијата. Ова се сериозни услови да сториме нешто со корупцијата, ако стане нетолерантна полесно ќе се сузбие, вели Филков.

Борбата со корупцијата е сведена на меѓупартиски пресметки и ја злоупотребуваме корупцијата.

-Кога ќе одите да запишете дете во градинка и ако нормално го запишете тогаш нема корупција, така луѓето ја доживуваат корупцијата. Ако разгледаме некои фактички состојби, по многу години имаме функционална ДКСК, вели Филков.

Јавните набавки и коруптивните практики се некако поврзни.

Филков вели дека ДКСК и Државниот завод за ревизија имаме обиди за системски решавања на проблеми. И тоа е битно, а не само како се троши буџетот. Владата донесе план за борба против корупцијата кој произлезе од граѓанските организација. Во однос на транспарентноста може да се рече дека сѐ е достапно и може да се види, но треба да одиме чекор плус да видиме зошто така се трошат парите а не само да видиме како и каде се потрошиле.

-Уште не гледаме дека при распишување на тендер се распишува со реална намера да се спроведе како што треба, вели Филков.

Културата е дел од „бркањето“ врски. Кај нас тоа е вообичаена појава.

Што се однесува до ДКСК, таа не е институција која е надлежна за прогон на коруптивни дејствија, туку има превентивна фукција и може да им посочи на другите органи за случаи по кои можат да постапат и да ги проверат. ДКСК укажува и предупредува, но зависи од други органи кои имаат извршна улога. Системот и неговите институции треба да го затворат кругот на корупцијата, коментира Филков за Утрински брифинг.

-Граѓаните, судството и судиите редовно ги истакнуваат како најкорумпирани. На 33 отсто од луѓето им било вршено притисок да платат за да завршат некоја работа. Пет отсто доброволно се вклучиле во коруптивно дејствие, вели Филков.

Филков вели дека недостига координација и дека не сите си ја вршат својата улога. Во законот се вели дека секој што ќе се посомнева во корупција треба да пријави, но такви случаи нема. Само така може да се направи притисок врз системот, коментира Филков.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

16 − 9 =