Филипче: Ситуацијата е стабилна, нема потреба од нови рестриктивни мерки

You must need to login..!

Опис

Ситуацијата е прилично мирна. Нема ниту еден знак дека е можно да има влошување на епидемиолошката слика. Повеќе денови по ред нема притоск по болниците. Нема пријавување, нема наплив на пациенти ниту во амбулантите, што ни укажува и потврдува дека ситуацијата е прилично мирна. Ја пратиме ситуацијата и во околните земји. Насекаде во регионот е мирно. И во Србија и во Албанија. Ги следиме и земјите каде што напшите граѓани заминуваат за летните одмори. Има лесно зголемување на бројката на позитивни случаи во Грција, но сметам дека тоа не е алармантно. Затоа ќе довршам, сметам дека летото доколку ситуацијата продолжи вака, не треба да се воведуваат никакви рестриктивни мерки. Но ситуацијата будно ја пратиме, има земји каде индискиот сој побрзо се шири. Но засега нема потреба, а доколку се појави ќе интервенираме, изјави во Утрински брифинг, министерот за здравство Венко Филипче.

-Немаме податоци за ширење на делта сојот, со оглед на тоа што оние примероци кои што се тестираат треба да се направи анализа на позитивниот тест. Тие поединечни примероци засега не укажуваат на ширење на делта сојот, додаде министерот Филипче.

Говорејќи за процесот на вакцинацијата, Филипче изјави дека до крајот на оваа недела ќе бидат вакцинирани сите граѓани кои се пријавиле на сајтот вакцинација.мк.

-Сметам дека бројката на пријавени граѓани треба да биде поголема. До утре ќе бидат вакцинирани сите пријавени граѓани освен во Скопје, Битола и Тетово, а во овие градови ќе бидат завршени до петок. Тоа ќе бидат нешто под 500.000 граѓани со оние кои што се вакцинираа во странство, близу 300.000 ќе бидат и ревакцинирани. Салите за ревакцинација ќе бидат отворени и во јули. Согласно распоредот и пријавените граѓани ќе видиме дали ќе останат и во месец август или имунизацијата ќе биде префрлена само во Здравствените домови. Наставниците сега имаат приоритет. Од досегашната бројка на пријавени и вакцинирани наставници кои држеа настава со физичко присуство на децата до третто одделение, прилично висок процент се пријавени – близу 70%.

-Морам да кажам дека ефикасноста на Синовак е многу висока. Штити од тешка форма на болеста и од смртен исход, исто како и другите вакцини, изјави за Утрински брифинг Филипче.

Интегралниот разговор со министерот Филипче погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

one + six =