Филипче: Рестрикциите ќе го ограничат ширењето на опасниот британски сој – подготвени се капацитетите за третиот бран

You must need to login..!

Опис

Рестрикцијата е во интерес на заштита на јаното здравје.. Имамевме прилично стабилен период, понивме без значајни рестрикции споредбено со другите земји, но она со што сега се соочуваме навистина силен бран и сме приморани да препорачаме една ваква – мерка на рестрикција на движењето. Знам дека не е лесно, едноставно, психолошки можеби влијае кај луѓето, но барам разбирање и поддршка. Сето ова е во интерес на заштита јавното здравје со цел овој бран на некој начин да го амортизираме. Целта е да се намали движењето во вечерните часови после затворањето на угостителските објекти. Сведоци сме дека младите се собираат и во вечерните часови на јавните површини, не се носат маските и очигледно е дека британскиот сој кој е се поприсутен кај нас – над 70% и очигледно го прави своето, изјави во Утрински брифинг министерот за здравство, Венко Филипче.

Тоа што е сега прептоставка е дека со оваа форма на рестрикција ќе се ограничи ширењето на вирусот преку младите, кои очигледно е дека се најголемиот вектор, начин на трансмисија на вирусот. Има две можни прептоставки на епидемиолозите. Едната е дека ќе се повтори онаа стрмна крива на зголемување на бројот на случаи како што беше во ноември, а другата претпоставка е дека сепак ќе заземе некоое плато. Но во овој момент кога ние точно не знаеме како ќе се одвива епидемијата, ние мораме да го заштитиме болничкиот сектор. Не смееме да дозволиме да имаме пренатрупани болници. Ние тоа успешно го избегнавме во сите изминати бранови и вурене сум дека и сега тоа добро ќе го изменаџираме, вели Филипче.

Во делот на болнички капацитети ние го враќаме оној систем кој го имавме во месец ноември – пренамена на интерните одделенија. Низ државата насекаде се спремни модуларните ковид болниците. Во делот на вакцинацијата- тоа е проблем со кој целиот свет се соочува. Никаде во овој момент нема вакцини и онолку колку што е потребно и посакувано. Како доаѓа вториот квартал, најавите од производителите се дека се повеќе вакцините ќе бидат на располагање. Ние во овој месец очекуваме вакцини да стигнат преку два механизими. Прво преку директниот договор со „Фајзер“, околу 20.000 и исто толкава количнина преку „Ковакс“ механизмот. Но свесни сме дека и самите производители се соочени со предизвикот и притисокот од сите земји во светот. Во таа смисла нашиот план беше да ги вaкцинираме сите здравствени работници кои работат со ковид пациенти. И токму поради тоа овие денови завршува таа вакцинација и мислам дека сме една од ретките земји во Европа, каде сите здравствени работници, без разлика дали во рамките на нивните одделенија или по систем на ротација помагаат на колегите инфектолози и се во директен контакт со пациенти заболени од ковид, ќе бидат вакцинирани, а од утрешниот ден започнува ревакцинацијата, вели Филипче.

Засега не размислуваме за одлагање на пописот, остануваме на овие рестрикции кои сега ги предлагаме. Во однос на пописот, техничкото спроведување на терен и врз основа на што комисјата за заразни болести го одобри тој протокол, тоа значи дека безбедно може да се спроведе. Но остануваме будно да ја пратиме ситуацијата. Можно е да предложиме и други рестрикции без разлика на пописот. Ја пратиме инциденцата, не секаде го има истиот пораст, но тоа не значи дека ситуацијата нема да се смени. Можно е да препорачаме и други рестрикции доколку утврдиме причина за тоа, вели Филипче.

Овнинувањата од опозицијата се неосновани и не се темeлат на аргументи. Многу често оппозицијата обвинува врз основа на невистини, Никогаш не излегле со некоја конструктивна критика. Сетете се дека на почетокот се противеа на тестирањето, бараа тестови со антитела кога немаше имунетитет во населението. Сетете се како праве асобири бе да се почитуваат препораките. Во комисијата за заразни болести никогаш не бил предмет на дискусија партиската припадност. Јас имав средба и со претставник на ВМРО-ДПМНЕ, Вело Марковски, на кој што му понудив да дааде конструктивни предлози, но подоцна не се јави на состанок. Така што мерките и протоколите се базираат на стручност. Д-р Караџовски е активен, јас имам секојдневна комуникација со него, разменување мислења, така што целокупниот состав на Комисијата е активен.

Во „Утрински брифинг“, Филипче најави зголемување за пет отсто на платите за сите вработени во јавно-здравствените установи и истакна дека покачувањето ќе биде и за медицинскиот, и за немедицинскиот персонал вработен во здравствените установи. –

-Тоа што денес треба да го утврдиме со Синдикатот е зголемувањето на платите за 5% на сите коишто се вработени во здравствениот сектор. Покачување на платите ќе има и за здравствени работници, и нездравствени работници и тоа треба да започне од месец март. Покачувањето е од овој месец односно на мартовската плата којашто се исплаќа во месец април, изјави Филипче.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

five + twenty =