Филипчев: Маленко се служи со фалсификати, му пуштивме кривична пријава – очекуваме да седне на рочиште и да заврши каде што му е местото

You must need to login..!

Опис

Во Македонија постои една Федерација признаена од државата која се бави со спортови на вода. Во однос на промената на раководството Маленко се служи со фалсификати и си измисли федерација која како правен субјект не постои во нашата држава. Како Федерација му пуштивме кривична пријава и ќе седне на рочиште и ќе заврши каде што му е местото, изјави во Утрински брифинг Александар Филипчев, претседател на Националната пливачка федерација.

Лицето Алексадар Маленко ја манипулира Светската пливачка федерација. Пред учество на ОИ очекуваме да дојде инспекција и тоа да се реши. Додека претседател на Федерацијата каде што сега сум јас прв човек беше Александар Маленко, ја поклони електорниката за мерење во Србија од нему познати причини. Не го прати Поп Ацев на првенство. Ги суспендираше нашите најдобри пливачи од големи натпревари, вели Филипчев.

Ние како Федерација иако без помош направивме програма каде организиравме национални првенства, организиравме четири маратони, организиравме протоколи за работа на базените и може да кажам дека сме единствени кои спроведуваме натпревари притоа да нема ниту еден нов заболен, истакна во Утрински брифинг Александар Филипчев, претседател на Националната пливачка федерација

Целиот разговор со Александар Филипчев, претседател на Националната пливачка федерација погледнете го во видеото.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

4 × 5 =