Филипов: Дојде крајот на Бојко Борисов како премиер на Бугарија, младите им пресудија на ГЕРБ и БСП

You must need to login..!

Опис

Последните резултати од преброените гласови е дека ГЕРБ останува прва политичка сила. Има таков народ на Славеј Трифонов е втор, трети се социјалистите со големи загуби, четврти се Демократска Бугарија… ВМРО на Каракачанов е околу 3,6% што значи не го поминува прагот за влез во Собранието, изјави во Утрински брифинг Костадин Филипов, публицист и добар познавач на македонско-бугарските односи, поранешен дописник од Македонија.

Веќе има замор од ГЕРБ и од БСП, целата работа е дека има замор од системот на управување во Бугарија и ми се чини дека овој двоапртиски модел, мислам дека оди во историјата. Изборите покажаа дека доаѓа една нова генерација во Бугарија. Славеј Трифонов не водеше никава кампања, но беа многу активни на социјалните мрежи, така што мислам дека таа млада, интетрнет генерација во Бугарија не сака да гласа за старите познати фаци во политиката, вели Филипов.

Борисов вчера вечер се скри од новинарите. На Фејсбук некаде околу 12 часот даде некаква изјава и предложи експертска влада. Таа влада е во устата на турската партија од пред две или три години. До сега Борисов не сакаше да слушне за такво нешто, но сега гледам дека оди кон таа идеја која што Турците ја сакаа. Дали е нова итрина на Борисов за да си го спаси премиерското место допрва ќе видиме. Но сите аналитичари сметаат дека дојде крајот на Бојко Борисов како премиер на Бугарија, смета Филипов.

Кошмар на Борисов би било нови избори да се прават, бидејќи тоа ќе значи дека ќе треба да ги организира неговиот политички опонент Румен Радев, така што Борисов ќе стори се ако има нови избори тие да бидат после претседателските.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

six − five =