Филиповски од СДСМ: Приоритет ми се градинките, зеленилото и ширење на Аеродром кон периферијата

You must need to login..!

Опис

Во Аеродром има простор за напредок и затоа се кандидирав за градоначалник бидејќи имам визија и план како да ја направиме општината поубаво место за живеење, изјави во Утрински брифинг, Александар Филиповски, кандидат за градоначалник на општина Аеродром од редовите на СДСМ.

Треба да бидеме свесни и да дадеме на јавноста до знаење дека ДУП-овите по кои што се градеше измнативе десет години се донесени во времето на ВМРО-ДПМНЕ. И тоа не смее да се повтори. Интензивно ќе го вложам мојот труд и знаење да успееме во нешто што се вика зелен, урбан и чист Аеродром. Тоа значи повеќе зеленило, миење на улици, поставување на современа, урбана опрема за Аеродром да го добие вистинскиот свој лик, кој што аеродромци го знаат, вели Филиповски.

Во изминативе четири години се направи многу во Аеродром – се направија шест нови паркови, се постави урабан опрема, се направија спортски и детски игралишта, додава Филиповски.

Имајќи предвид дека целиот свој живот го поминувам во Аеродром, знам кои се реалните проблеми, односно основни проблеми на граѓаните, мислам дека имам доволно знаење и сила да направам нешто подобро за Аеродром, вели Филиповски.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

six − 1 =