Филиповски: Не да се срамиме, туку да ја промовираме македонската рок музика

You must need to login..!

Опис

Популарната урбана музичка култура е исто така наше културно богатство и од неа не треба да се срамиме, туку да ја промовираме, бидејќи има што да покажеме, вели Тошо Филиповски, авторот на првата македонска рок енциклопедија.

Тој деновиве на социјалните мрежи упати повик за собирање на видео материјали од македонски рок музички групи. „Македонските електронски медиуми не сакаат да емитуваат македонска рок музика со изговор дека немаат што да емитуваат. Овојпат решив да бида медијатор да соберам видео спотови и да им ги понудиме на телевизиите.

За два, три денови собрав околу 200 видео материјали продуцирани изминатите години“, вели Филиповски, кој неодамна ја издаде и монографијата „Македонска дискографија – винили“.

Филиповски смета дека треба да се формира центар кој ќе се занимава со архивирање, документирање и промовирање на македонската рок музика и популарна култура, како и изложбена поставка со постери, омоти и голем број други артефакти како лични предмети и инструменти на познати музичари, која би била интересна за младите, но и за туристите.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

16 − 7 =