Филиповски: Монографијата „Македонски рок-времеплов“ е документ за македонскиот рокенрол и водич за идните генерации

You must need to login..!

Опис

Деновиве беше промовирана монографијата „Македонски рок-времеплов“ на Тошо Филиповски, музички новинар и неуморен хроничар на сѐ што е поврзано со македонската рокенрол музика.

„Оваа монографија, меѓу другото е и реакција на медиумите коишто многу ретко известуваат за домашни настани и датуми што би требало да се одбележат, особено кога станува збор за рок музиката. Тоа е моја перцепција и решив да направам една монографија во која преку датуми ќе бидат одбележани настани кои, според мене, субјективно, впрочем музиката не може да биде нешто објективно мерливо, го детерминирале развојот на македонската рок култура и генерално македонската култура. Значи 366 денови и минимум три до пет настани за секој ден. Се работи за роденедени, концерти, фестивали, изданија, за жал и посмртници за некои значајни луѓе кои не се помеѓу нас, потоа промоција на некои значајни книги и сето она што има допирна точка со рокенролот.

Морав да сумирам, од 4000 датуми кои успеав да соберам, во книгата се поместени околу 1500, што значи дека има простор и понатаму да се дополнува, а и можност да се отвори веб – страница на која сите заеднички, целата сцена би можела да ја дополнува содржината. Овие монографски изданија се наменети и за помладите генерации за да се запознаат со се’ што било направено во изминатите децении во рок музиката и луѓето што не смеат да бидат забравени“, вели за Утрински брифинг, Тошо Филиповски, автор на книгата „Македонски рок времеплов“.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

twelve − 10 =