Фидановски: Парадокс – младите аналитичари не можат да дојдат до израз во македонските медиуми

You must need to login..!

Опис

Неодамна во едно списание посветено на улогата на младите излезе истражување „Поневидливи во медиумите одошто во политиката“, а еден од авторите е Кристијан Фидановски, докторанд по демографски науки на Универзитетот во Оксфорд и со него разговаравме на оваа тема во Утрински брифинг.

-Сакавме со конкретни бројки да ја потврдиме перцепцијата дека младите аналитичари и истражувачи не се застапени во македонските медиуми. Се обидовме да го провериме тој генерациски јаз според три возрасни групи, во шест телевизии и дебатни емисии, вели Фидановски.

Главниот заклучок е дека над 80 отсто од гостите во медиумите се над 40-годишна возраст. Тој процент е помал кога станува збор за политичарите. Заклучокот е дека медиумите пропуштаат да промовираат помлади луѓе за разлика од политиката која ја користи оваа прилика.

-Разгледувавме околу триста емисии на различни емисии. Разлика нема. Генерацискиот јаз постои. Но постои и во политиката. Ако телевизијата има дебата за ковид, рацете на медиумите се врзани. Но, ако станува збор за локални избори политиколозите не треба да се ограничени по возраст. Од 98 гостувања од 1-15 ноември само една четвртина од гостите биле помлади од 40 години, вели Фидановски.

Споредено со западните земји, има вечаток дека политичарите таму се повозрасни одошто во Македонија.

-Тоа посебно важи за носители на највисоките државни функции. Кај нас видовме многу млади луѓе на такви позиции што може и да не е добро. Терминот „ејџизам“ на запад главно се однесува на постарите лица. Таму почесто постарите се дискриминирани. Во Македонија се чини дека е обратно. Но, ние анализиравме еден помал период и можеби не е лошо да се прошири ова истражвање, дали на овој тренд зависи од возраста на водителот, навика да се канат истите лица и слични ненамерни дискриминации, вели Фидановски.

Сепак, останува прашањето дали младите воопшто се заинтересирани да доаѓаат на дебати во телевизиите.

-Медиумскиот пазар во Македонија е најмногу концентриран на телевизиите. Мислам дека младите би биле заинтересирани особено што сега се навикнавме и да функционираме онлајн. Возраста треба да се гледа пошироко од демографска перспектива. Кај нас пензионирањето сѐ уште е останато како во времето кога бил помал животниот век.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

three × 2 =