Фидановски: Доколку политичарите сакаат да спласне тензијата во општеството прво треба да поработат на сопствената реторика

You must need to login..!

Опис

Премиерот Зоран Заев ја отвори можноста за формирање заедничка влада со опозицијата, и притоа како дел од причините ги наведе надминувањето на поделеноста во општеството, департизација на администрацијата, чистење на правосудството од клиентелизмот За ова, рече, очекува поддршка и од сите органи и тела на партијата, но и од коалициските партнери во власта.

Во систем како што има во Македонија многу тешко е да се зборува за владеење со некакво убедливо мнозинство, шшто е целта на широката влада, дури и е непосакувано во одредена мера. Примерот со Германија не е целосно компатибилен. Таму владата што се воспостави пред 8 години беше коалиција од нужност не од избор. Во Германија владејат најголемите партии заедно, ЦДУ и СПД, но причината е што ЦДУ не успеа да формира влада со две помали партии од собранието што беа нивни прв избор. Во Германија таа коалиција е помалку широка од аспект што и со две најголеми партии во Собранието опозицијата е многубројна. 40% од пратениците припаѓаат на опозицијата. Во Македонија доколку на СДСМ и ДУИ се приклучи и ВМРО-ДПМНЕ околу 85% од пратениците би биле со власта и дефакто не би имало опозиција и ќе се создаде некоја слика која ќе потсетува на оваа во Србија што не е добра за демократијата, изјави во Утрински брифинг аналитичарот Кристијан Фидановски.

Околу поделеноста на граѓаните и доколку тоа е критериум за формирање на широка коалиција во Македонија постојано би требало да има широка влада. Многу други држави се поделени, но несогласувањата помеѓу граѓаните и политичарите се здрава одлика на секоја демократија. Во Македонија тие тензии биле многу посилни, често пати резултирале и со насилства. Доколку политичарите сакаат да спласне таа тензија во општеството најверојатно треба да поработат на сопствената реторика, вели Фидановски.

Постојат неколку цели кои може да претпоставиме дека се во игра. Прво и да не се оствари оваа замисла, веројатно е дека ќе се постави на дебата во опозицијата. Така што можеби ова е за ослабување на опозицијата. Тука е и просторот и очекувањата за компромис со Бугарија кој доколку не се оствари на владејачката партија би и одговорало да може да ја сподели одговорноста со својот политички ривал. Но мислам дека за СДСМ ваквиот маневар би бил контрапродуктивен, бидејќи една од главните забелешки кон партијата беше дека постојано возат на тој бран на т.н борба со длабоката држава, дека има кадри од претходниот режим, смета Фидановски.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

four + 4 =