🎥 Фидановски: Една изборна единица отвора повеќе проблеми отколку што решава

You must need to login..!

Опис

Една изборна единица скоро никаде во светот не е прифатена и според политичката пракса таа не е добра.

Кога се бира изборен модел најдобро е да се најде компромис. Односно мешовит модел комбинација од пропорционален и оној од една изборна единица. Ние имаме надпросечно репрезентативен систем што пак и тоа им одговара на малите политички партии, изјави за Утрински брифинг Кристијан Фидановски, магистер по политички науки и источноевропски студии од Универзитетот Џорџтаун во Вашингтон.

Фидановски вели дека кај нас нема праг според кој малите партии би влегле во Собрание, за разлика од други држави каде прагот постои, па во некои дури оди и до 10%, односно, во Македонија и со три проценти од гласовите имаат шанса да влезат во Собранието што пак исто така е олеснително за малите политички партии.

-Според мене една изборна единица нема да ја промени многу ситуацијата. На пример ако сега имавме една изборна единица ќе влезеше само плус уште една партија во нашиов случај Интегра што немаше многу да ја промени сликата, вели Фидановски.

Според мене една изборна единица е најштетниот модел за создавање стабилна коалиција, додава Фидановски. Моделот мора да биде компромис меѓу репрезентативност и ефикасност, додава Фидановски.

Целиот разговор со Фидановски погледнете го во видеото.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

two + nine =