Фидановски: Ако има легалитет има и легитимитет на Владата

You must need to login..!

Опис

Околу црпењето на легитимитетот и легалноста на новата Влада кои дел од опозицијата ги оспорува, како и барањата за измени во Изборен законик на ВМРО-ДПМНЕ денеска поразговаравме со аналитичарот Кристијан Фидановски.

-Околу легитимитетот треба да имаме предвид дека парламентарните избори се за избор на пратеници и за работите решава парламентарното мнозинство, сеедно дали тоа ќе се менуваа во текот на мандатот. И Борис Џонсон нема излезено на избори па е премиер на Велика Британија. Во Италија премиер е Марио Драги кој не ни беше во политиката пред да стане премиер, но е експерт, вели Фидановски.

Кога СДСМ и ДУИ стапија на власт на последните избори имаше договор за дел од мандатот премир да биде Албанец. Што се однесува до Пржинската влада, причината за нејзиното постоење повеќе ја нема, скандалот што придонесе за формирање на ваква техничка влада беше да се организираат фер и демократски избори што Никола Груевски не можеше да го направи, коментира Фидановски.

-ДУИ е за тоа да има премиер Албанец оти тоа ѝ донесе гласови. ВМРО-ДПМНЕ пак се надева дека ќе има предвремени избори. Но, треба да имаме предвид и дека последните пет изборни циклуси биле предвремени. Тоа лошо зборува, а кај граѓаните постои презаситеност додека долгорочниот резултат ќе биде помала излезност со што пак ќе биде спорен легитимитетот на избраните, вели Фидановски.

Помалите партии инсистираат на една изборна единица.

-Малите партии дури и кога би се одело на предвремени избори не би настапиле сами. Прашање е дали и Левица ќе ја третираме како мала партија со оглед на нејзините резултати. Една изборна единица е добра за малите партии, не е добра за големите и не е добра за демократијата. Тоа ќе доведе до поширока застапеност на партии во Парламентот, но таквите коалиции тешко дека можат да бидат стабилни и долгорочно одржливи, вели Фидановски.

Тој коментира дека во однос на легитимитетот се поставува прашање дали оние кои се на функција работат самостојно или некој ги влече конците со оглед на тоа што новите кадри се анонимни. Тоа од една страна пак е добро, оти зад себе немаат никаков багаж.

Проследете го целиот разговор во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

nine − 6 =