Мојсовска: Ни требаат инвестиции во нови производи, услуги, професии

image

You must need to login..!

Опис

Неизвесноста е проблем. Додека во почетокот мислевме дека треба да се прилагодиме на некој краток рок од два до три месеци, сега се покажува дека треба да се подготвуваме на многу подолг рок. Ги слушаме најавите на најголемите компании од САД, кои велат дека до крајот на оваа година сите ќе работат од дома. Тоа значи дека се менува начинот на живот и работата на бизнисите. Сметам дека ние се уште не се прилагодивме на ова темпо, но морам да ја спомнам и политичката ситуација во земјава која е се уште нестабилна и доведува да мислиме на тоа, место да мислиме на подолг рок. Секогаш нашите лидери мислат на краток рок, ретко кој размислува што потоа, изјави во Утрински брифинг, професорката Никица Мојсовска и извршен директор на Македонија 2025.

Кај нас за време на избори постои еден голем проблем. Имено се замира, освен печатарската индустрија која бележи раст. Проблемот е што изборите создаваатдополнителна неизвбесност и за граѓаните и за бизнисите и се поставува прашањето – што потоа? Но она што мене ме загрижува е што најчесто недостасува чувствотои осетливоста кај партиите. Никој од нив не смета каде сме сега, каква е ситуацијата која е реалноста и одма ветуваат дека животот ќе биде убав. Се наоѓаме во исклучително тежок период. Се наошаме во период каде што имаме субвенџции, но сето тоа е во еден меѓу простор и рано е да се кажат ефектите и што после изборите, вели Мојсовска.

Сегашната задолженост ќе биде проблем на секоја наредна влада. Сите земји посегнаа по инструментот задолжување. Проблематично е како ќе се трошат тие пари. За жал, повеќето од тие пари, освен оние кои што отидоа како поддршка на компаниите, повеќето од тие пари ја поддржуваат потрошувачката, а тоа значи дека мислиме на сега, а не што потоа, изјави во Утрински брифинг универзитетската професорка Никица Мојсовска и додаде дека мора да се создаваат нови вредности за да се креираат средства со кои би се вратиле задолжувањата.

-За жал во моментов не гледам дека некој е фокусиран на таа иднина – капитални инвестиции, подобрување на бизнис опкружувањето.
Ние мора да создадеме подобри услови за бизнисите да работат подобро. Тие ги креираат работните места, а со тоа и вредност да се варатат парите од задолжувањата. За жал со некои мерки, нема сосема да се исполни таа цел. Проблемите допрва ќе излезат на површина, изјави Мојсовска и упати апел до сите да се размислува како ќе се вратат тие средства и кјако да се создаде поголема вредност.
-Заборавивме на многу инфраструктурни проекти, на деловното опкружување, значи на многу клучни работи кои се и тоа како битни за иднината. Премноу се фокусиравме на сегашноста.

-На почетокот тоа и беше разбирливо, бидејќи сметавме дека ова ќе пројде релативно брзо (пандемијата), но кога гледате дека продолжува понатаму мора веднаш да имате ноив сет на мерки, нови политики фокусирани на иднината, вели Мојсовска.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

4 × 5 =